Разлика помеѓу преработките на „Вештачки сателит“

с
→‎Рани концепции: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка
с (→‎Рани концепции: Јазична исправка, replaced: хидроген → водород)
с (→‎Рани концепции: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка)
Во 1903, Константин Циолковски (1857-1935) ја издал „Истражување на вселената преку сигналосни уреди“, која е првата академска расправа за употребата на ракетната техника за да се испрати вселенско летало. Тој ја пресметал орбитната брзина потребна за минимална орбита околу земјата и таа изнесувала 8 км/с, и констатирал дека повеќестепенска ракета која користи течни горива може да се употреби за да се постигне истото. Тој ја предложил употребата на течен водород и течен кислород, но можат да се користат и други комбинации.
Во 1928 Словенецот Херман Поточник (1892-1929) ја издал својата книга „Проблемот на вселенските патувања - Ракетен мотор“, план за пробив во вселената и постајано човечко присуство во истата. Тој во детали испланирал вселенска станица и ја пресметал нејзината геостационарна орбита. Тој ја опишал употребата на орбитирачки летала за детално мировно и воено набљудување на земјата и опишал како специјалните услови на вселената можат да бидат корисни за научни експерименти. Книгата ги опишала геостационираните сателити и расправала за комуникацијата помеѓу нив и земјата користејќи радио, но не беше прифатена и идејата за користење на сателитите за масовно емитување и како телекомуникациски станици.
Во една статија во списанието „Безжичен свет“ во 1945, англискиот писател на научна фантастика Артур Ц. Кларк (1917-2008) детално ја опишал можната употреба на комуникациски сателити за масовна комуникација. Кларк ја испитал подршкатаподдршката за сателитско полетување, можните орбити и други аспекти за создавањето на мрежа од сателити кои ќе кружат околу Земјата, посочувајќи на добивките од брзата глобална комуникација. Тој исто така предложил дека три геостационирани сателити би овозможиле покривање на целата планета.
Американската армија ја проучила идеата за „возило за земјени сателити“, кога министерот за одбрана, Џејмс Форстал, на 29 Декември 1948 јавно изјавил дека тој проект се подготвува за разни сервиси.