Калифорниска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување текст
сНема опис на уредувањето
Ред 24:
==Опис и распространетост==
Максималната должина изнесува до 1 м и маса до 20 кг. На ралото има една или две серии заби. Името го добила по посебното обојување долж средината на страните на телото, каде постои еднаширока лента што се прелива во боите на виножитото. По целото тело, освен
перките од долната страна на телото, има бројни црни флеки. Грбот е модро сив до маслинесто зелен или чисто темно зелен, зависно од условите на живот, страните се сиво сребренести, а стомакот е бел. Центар на оформување на калифорниската пастрмка е сливот на реката [[Сакраменто]] во сојузната држава [[Калифорнија]], во [[САД]], на источниот брег на [[Пацифички Oкеан]]. Од таму била пренесена низ целиот свет и претставувала главен објект на одгледување во ладноводните рибници, а и како спортско рекреативен објект во вештачките акумулации.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.147145 2011 година]</ref>
 
==Основни биолошки карактеристики==
Се мрести на две или тригодишна возраст, главно во периодот ноември-март, а и подоцна. Дијаметарот на икрата е околу 4 мм. Плодноста на женките е 500 до 2000 зрна икра. Ларвите се излупуваат по 330 до 400 степеноденови и имаат голема жолточна кеса. Младите имаат од 11 до 13 големи темни флеки по страните на телото. Таа е одличен и брз пливач. Во природни услови се храни со ракчиња, ситни мекотели, ларви од инсекти, возрасни инсекти, црви, поситни ‘рбетници од водата и нивна икра. Достигнува должина до 90 см и маса до 16 кг.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.147145 2011 година]</ref>
 
==Значење==
Во нашата земја, како и во цел свет, има извонредно големо стопанско значење. Имено, таа е една од рибите кои интензивно се одгледува во ладноводните рибници ширум светот и кај нас. Има извонредно поволни производни својства. Со интензивна селекција создадени се линии со извонредно поволни и комерцијално профитабилни особини. Отпорна е на болести, лесно се размножува, интензивно расте, отпорна е на температурни промени. Денес постојат линии кои интензивно се исхрануваат и на релативно високи температури и над 25°С.
Создадена е и линија со жолта боја, како злато (златна пастрмка), која е добро прифатена на пазарот и особено е барана.
Од аспект на рекреативен риболов е значајна во водотеците во кои постојат рибници каде се одгледува. Од нив редовно бега одредена количина на риби. Истата се лови од страна на рекреативните риболовци без ограничувања. <ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.147145 2011 година]</ref>
 
Кај овој вид риба се работи за една силно [[бастердирана]] форма од неколку форми пастрмски риби, кои сите потекнуваат од Северна Америка и кои денес едвај можат да се најдат како чисти линии. Тоа е рибата која [[Jordan]] во 1894 година ја опишал како [[Salmo shasta]], рибата која [[Gibbons]] во 1855 година ја опишал под име [[Salmo irideus]]. Овие две форми заедно со таа опишана како [[Salmo gaerdneri]] од [[Richardson]] во 1836 година, со тек на времето и распространувањето во Европа и светот под едно, друго или трето име, довеле до тоа денес да се оперира со едно име [[Salmo gardneri Richardson]] или Калифорниска пастрмка. За овој вид риби во литературата се користат и имињата [[Parasalmo gairdneri Richardson]] (во поново време) [[Oncorhynchus mykkis Richardson]].