Нов завет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Стариот Завет → Стариот завет, Новиот Завет → Новиот завет
Ред 1:
{{Книги од Новиот Заветзавет}}
'''Новиот завет''' е вториот дел на [[Библија|Библијата]]та (по [[Стар завет|Стариот завет]]) и содржи 27 книги, вклучувајќи ги [[евангелие|евангелијата]], историјата и дејноста на првите [[христијани]], неколку писма на [[Свети Павле|св. Павле]] и книгата [[Откровение на Јован|Откровение]]. Новит завет енапишан на [[старогрчки јазик]] (''Novum Testamentum Graece'').
 
== Постанок на Новиот завет ==
Првиот дел од Новиот завет го сочинуваат [[евангелие|Евангелијата]]. Првото [[Евангелие според Матеј|евангелие]] е според [[Апостол Матеј (Евангелист)|Матеј]], еден од учениците на [[Исус Христос]]. Евангелието според Матеј е напишано помеѓу 80 и 85 година, a местото на пишување веројатно било [[Палестина]].
 
Второто [[Евангелие според Марко|евангелие]] е според [[Апостол Марко (Евангелист)|Марко]] кој информациите ги добил од [[Свети Петар|апостолот Петар]]. Тоа е воедно најкраткото и наједноставното [[Евангелие]]. Марко многу внимателно ги опишал случките, но не по хронолошки ред. Целта на ова [[Евангелие]] е да го претстави [[Исус Христос]] како ''Божји Син'', да ги опише неговите дела, неограничената моќ и чудата. Се смета дека ова Евангелие е напишано околу 65 година.
 
Третото [[Евангелие според Лука|евангелие]] е според [[Апостол Лука (Евангелист)|Лука]]. На почетокот, тој пишува дека сите информации од оние кои биле сведоци на [[Исус Христос]] добро ги испитал и по внимателното и опсежно истражување почнал да го пишува Евангелието. Ова [[Евангелие]] подоцна му го упатил на некој си честит Теофил. Лука долго време му бил сопатник на апостолот Павле. По професија, Лука бил лекар и во тоа време многу учен човек, што се гледа и по неговиот начин на изразување. Евангелието според Лука е пишувано помеѓу 80 и 85 година.
 
Четвртото и последно [[Евангелие според Јован|евангелие]] е според [[Апостол Јован (Евангелист)|Јован]], кое го напишал во својата длабока старост. Ова ги надополнува првите три, и го прикажува Исус како Божји Помазаник. Пишувано е помеѓу 90 и 95 година.
 
== Послание ==
Посланијата кои се наоѓаат во Новиот завет биле пишувани одвреме-навреме, по потреба. [[Апостол|Апостолите]]ите преку тие посланија поучувале, предупредувале, советувале или укорувале. Посланијата настанале во текот на првиот век, а на младата, штотуку основана христијанска [[црква]] и требале многу практични совети. Во Новиот завет има само една книга која е од пророчка природа и се вика [[Откровение]]. Апостолот Јован бил прогонет на островот [[Патмос]], каде што ја напишал последната книга од [[Библија|Библијата]]та. Новиот завет се состои од:
* 4 евангелија,
* една книга за Делата на апостолите,
Ред 18:
* една книга на Откровението.
 
Бискупот Атанасие од [[Александрија]] ([[295]]-[[373]]) прв ја нарекол оваа збирка од 27 книги канонска (меродавна збирка на книги). Така, околу 400 година, редоследот на книгите во [[Библија|Библијата]]та бил одреден и конечен. Според учењето на христијаните, [[Библија|Библијата]]та е единствената книга која е во состојба да даде одговори на прашањата кои ги поставуваат луѓето, истражувајќи ја вистината: „Што треба да направам за да се спасам?“.
 
==Содржина==
[[Новиот завет]] е централното писмено свидетелство на [[христијанство|христијанството]]то, во кое основната претставена личност е [[Исус Христос]]. Новиот завет започнува со четирите евангелија: според Матеј, според Марко, според Лука и според Јован, иако тие не се најстарите списи во него. <ref>Група автори: Македонски јазик и литература. Скопје, Просветно дело, 2006, стр. 229.</ref> Иако евангелијата се занимаваат со истите случувања, тие го прикажуваат Исус на различни начини. [[Евангелието според Матеј]] е посебно познато поради тоа што ја содржи молитвата „[[Оче наш]]“, и поради тоа што ја нагласува разликата на Исусовото учење во однос на учењето од Стариот Заветзавет.
 
[[Откровението на Јован Богослов]] се нарекува уште и „покалипса“. Во него авторот ја опишува својата визија за победата на [[Бог]] над злото и смртта. Овој дел од Новиот завет извршил најголема инспирација врз натамошната [[литература]]. Инаку, сите елементи од Новиот завет нашле свој одраз во европската [[уметност]]: во [[сликарство]]то, литературата, [[музика]]та, [[скулптура]]та. [[Микеланџело]], [[Леонардо да Винчи|Леонардо]], [[Дирер]], [[Бах]] и многу други се инспирирале од темите во Библијата.
 
== Надворешни врски ==
Ред 32:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Нов завет]]