Византиско иконоборство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Отстранета категорија
с →‎Прв период (730-787): Правописна исправка, replaced: оддрж → одрж
Ред 17:
Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје. Поради своето одбивање да се покори на царевата одлука, голем број на свештеници биле смртно измачувани и убивани. Во [[766]] година Константин V дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил [[Никита I Цариградски]]. [[Козма Александриски]], [[Теодор Антиоиски]] и [[Теодор Ерусалимски]] биле бранители на светите икони во заедница со [[Рим]]. Императорот Константин V починал во [[775]] год, а на негово место дошол син му [[Лав IV Хазар]] кој не го поништил законот на татка си, но бил поблаг и дозволил монасите во азил да се вратат, го толерирал почитувањето на светиите и се обидел сите страни да ги смири. На местото на патријархот Никита дошол [[Павле IV Константинополски]] кој од страв делумно го застапувал иконоборството. Но, жената на Лав IV, Ирена, била почитателка на светите икони и дури додека нејзиниот маж сè уште бил жив, таа во својата соба имала икони. Кон крајот на својот живот, Лав IV станал жесток иконоборец и многумина казнил, а тоа сакал да го направи и со неговата сопруга Ирена, но не му успеало затоа што починал во [[780]] година.
 
Бидејќи синот на Лав IV, Конастантин VI, бил на деветгодишна возраст, мајка му ја водела земјата. Таа го обновила почитувањето на иконите. Во [[787]] година во [[Никеја]] бил оддржанодржан [[Седми вселенски собор|Седмиот вселенски собор]] на кој присуствувале над 300 епископи. На овој собор, иконоборечките кривоверци според традицијата, јавно се покајале и повторно биле примени во црквата. Во Актите на соборот се вели:
::“Овие се зборовите на иконоборците кои се вратија во Црквата. Василиј епископ Анкирски, вели: “Колку што можев, ги разгледав прашањата за иконите и се вратив во Светата Соборна Црква со целосна убеденост (дека не претставуваат идоли)”. Теодор, епископ на Мира, вели: “Го смилостивувам Бога и вашата светост да се обединам, јас грешниот, со Светата Соборна Црква”.<ref>пп. 41, 43 во изданието на Kazan Theological Academy.</ref>