Македонија. Етнографија и статистика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: училишен → училиштен
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 15:
Васил К’нчов долги години работел и предавал во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Солун]] и во [[Сер]], а од [[1894]] до [[1897]] година бил главен училиштен инспектор на егзархиските училишта во Македонија. Патувајќи како инспектор, собирал информации на терен за населените места, за етничкиот и религиозен состав на населението, па користејќи и други дотогаш објавени студии и патописи за Македонија, ги објавил во оваа книга.
 
Во првиот дел од книгата К’нчов дава општи белешки за населението на [[Балканскиот Полуостров]], историски осврт на етничката состојба и промените во етничкиот состав на [[Македонија (регион)|Македонија]] во текот на историјата. Потоа пренесува неколку карти со негови коментари во врска со етнографските карти и описи на [[Франсоа Пуквил]], [[Ами Буе]], [[Август Гризебах]], [[Павел Шафарик]], [[Јосиф Милер]], [[Виктор Григорович]], [[Јохан Георг фон Хан]], [[Гиом Лежан]], [[Џорџина Макензи]] и [[Аделина Урби]], [[Густав Вајганд]], [[Хајнрих Киперт]] и други.
Во вториот дел наречен „Статистика“ дава подробен опис на сите населени места во Македонија по [[каза|кази]], на нивното население, етничкиот состав и религиозната припадност. Целото словенско население на Македонија К'нчов го именува како бугарско.