Плешка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 58 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q16336 (translate me)
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 'рбе → ’рбе
Ред 9:
| '''Слика 2 :''' Лева скапула. Задна страна.
|}
Кај [[човек]]от, '''плешката''' или '''лопатката''' (односно '''scapula''') е триаглеста плочеста [[коска]] прилепена за задната страна од [[Граден кош|градниот кош]], протегајќи се од второто до седмото [[ребро]]. На неа се разликуваат две страни, предна и задна, потоа три раба и три агли. Предната страна од лопатката е означена како ребрена страна, бидејќи прилегнува на ребрата. Таа во целост е вдлабната во подлопаткина јама (''[[fossa subscapularis]]'', 1 на сликата горе) каде што се поврзува истоимениот [[мускул]]. Задната страна од лопатката со помош на лопаткин гребен (''[[spina scapulae]]'', 2 на сликата долу) е поделена на две јами и тоа горна надгребна јама (1 на сликата долу) и долна, подгребна јама (3 на сликата долу). Во јамите се поврзуваат истоимените мускули. Лопаткиниот гребен насочен латерално завршува со коскено задебелување или натпрелка ''acromion'' (10 на сликата долу). [[Акромион]]от носи [[зглоб]]на површина за зглобување со акромијалниот крај на [[Клучна коска|клавикулата]]. Аглите од лопатката се три на број и тоа горен (5 на долната слика), долен (7 на долната слика) и латерален (9 на долната слика). На латералниот агол се наоѓа зглобна вдлабнатина (''[[cavitas glenoidalis]]'', 2 на горната слика) за зглобување со коската на [[Надлактица|надлактот]] (''humerus''). Над зглобната вдлабнатина се наоѓа коскен израсток налик на клун (''[[processus coracoideus]]'', 11 на долната слика). На него се поврзуваат повеќе мускули и врски. Рабовите од лопатката се исто така на број три: латерален (8 долу), горен (4 долу) и медијален (6 долу). Медијалниот е оддалечен од [[‘Рбетен столб|'рбетниот’рбетниот столб]] за 5 - 6  cm.
[[Податотека:Pectoral girdles-en.svg|250px|thumb|left|Положба на коската во рамките на раменскиот појас.]]
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Плешка