Гуштери: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: 'Рбе → ’Рбе
Ред 19:
'''Гуштерите''' ([[латински јазик|лат.]] ''Lacertilia'', порано ''Sauria'') се [[животни]] од класата [[влекачи]]. Тие ја сочинуваат најголемата денешна група на влекачи, со повеќе од 4.300 видови со најразлични облици и големини.
 
Комодски варан (лат. Varanus Comodensis ) припаѓа во фамилијата на Варанус , а уште е познат и под името на ,, Комодо Змеј <nowiki>''</nowiki>. Застапен е во деловите на Островот Комо и на уште неколку острови во Индонезија . Долг е 3 метри , тежи околу 135 колограми и просечниот век на живеење му е околу 100 години . Националниот парк на комодото се наоѓа во Индонезија , во Островот Комо . Нивно засолниште се дупките коишто ги прават , ископувајќи со помош на предните нозе , а со задните нозе ја истуркуваат земјата надвор на површината . Во 2009 година научниците докажале дека при каснувањето на пленот се пренесува отров .
 
== Физички својства ==
Ред 25:
Иако гуштерите се слични со [[Дождовник|дождовниците]] и другите [[Водоземец|водоземци]], сепак се разликуваат по тоа што гуштерите имаат сува лушпеста [[кожа]] и повеќето имаат канџести стапала и надворешни ушни отвори. Повеќето гуштери се мали, со четири екстремитети и долга опашка која кај многу видови е фрагилна и лесно кршлива, но се регенерира. Нозете на некои гуштери се многу скусени, правејќи ги змијовидни (како [[Стаклен гуштер|стаклениот гуштер]]); тие се разликуваат од вистинските [[Змија|змии]] по нивните подвижни очни капаци и по разликите во структурата на [[череп]]ните [[Коска|коски]], особено на тие од долната [[вилица]]. Коските од двете половини на долната вилица од гуштерот се цврсто споени, додека тие на змиите се разделени.
 
Гуштерите се движат на различни начини, во зависност од телесната структура и живеалиштето. [[Гекос]]ите имаат лушпести дискови на секое стапало кои им овозможуваат да се прилепуваат за мазни површини. Некои гуштери се добри пливачи, а неколку се адаптирани за искачување по дрва.
 
== Однесување ==
Ред 49:
== Одбранбени механизми ==
 
Гуштерите поседуваат низа на одбранбени механизми. Скорешните студии покажуваат дека група на гуштери, вклучувајќи ги мониторите и игуаните, имаат [[Жлезда|жлезди]] кои секретираат отров во нивните усти, но немаат специјализирани [[заб]]и како кај змиите. Ниските дози на отров во нивната плунка се доволни за покорување на мал плен. Само два гуштера имаат силен отровен ефект врз пленот - [[мексикански брадавичар|мексиканскиот брадавичар]] и отровниот (аризонски) брадавичар. И двата вида имаат вдлабнувања во забите кои им помагаат да го спроведат отровот од нивните големи жлезди. Тие најчесто го користат отровот во одбранбени цели. Многу од видовите на големи гуштери можат да се одбранат со силно каснување. Кога е опколен, [[Рогат гуштер|рогатиот гуштер]] може да го испрска натрапникот со [[крв]] од рабовите на очите или, како [[чуквала]]та, да се повлече во пукнатина меѓу карпи или слично и да се надуе (ги исполнува [[Бел дроб|белите дробови]] со [[воздух]]) така што не може да се извлече од тој тесен простор. [[Алигаторски гуштер|Алигаторскиот гуштер]] има заштитни, штитовидни лушпи. Многу гуштери се криптички обоени, односно се обојуваат исто како и околината и тешко се забележуваат. Некои гуштери, како [[камелеон]]от, можат да ги менуваат боите на телото како што се менува надворешната околина.
 
== Градба ==
Усниот отвор е широк, и над него се сместени ноздрите, а зад нив се наоѓаат очите, кои ги препокрива долно и горно капаче, мигателна ципа. [[Врат|Вратот]]от е релативно кус, а трупот е издолжен, испакнат на грбната и сплеснат на стомачната страна. На границата меѓу трупот и [[опашка|опашката]]та се наоѓа коакалниот отвор. [[екстремитети|ЕкстремитетитеЕкстремитети]]те се еднакво развиени и завршуваат со по 5 [[прст|прсти]]и.
 
=== Внатрешна градба ===
 
==== Кожа ====
[[Кожа|Кожата]]та на гуштерот, за разлика од жабата, цврсто е прилегната кон телото. Површинскиот слој од покожичката (epidemis) е орожнат и образува рожести лушпи и штитчиња, додека долниот, малпигиевиот слој е составен од живи [[клетка|клетки]] кои се размножуваат. Во овој слој и во горниот дел од вистинската кожа се наоѓаат пигментни клетки. Ваквата кожа ги заштитува од загубата на водата, од повреди и навлегуање на најразлични [[микроорганизми]] и кожата е сиромашна со [[жлезда|жлезди]].
 
==== Скелетен систем ====
 
===== 'Рбетник’Рбетник =====
`Рбетникот е изграден од коскени процелни прстени. [[Прешлен|Прешлените]]ите имаат тело на прешленот (corpus vertebrae), со горни (arcus neuralis) и долни (arcus haemalis) лакови, односно напречни израстоци (proc. transversi).
На `рбетникот можат да се различат 4 региони: '''вратен''' (pars cervicalis), составен од 8 прешлени, '''градно-слабински''' (pars thoraco-lumbalis), составен од 22 прешлени, '''крсен''' (pars sacralis), составен од 2 прешлени и '''опашен''' (pars caudalis) составен од голем број прешлени.
 
Ред 102:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Гуштери| ]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гуштери