Нервен систем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: 'рбе → ’рбе (3), 'Рбе → ’Рбе
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Нервен систем}}
'''Нервниот систем''' е [[органски систем]] кој претставува целина од нервните елементи во [[Животни|животинското]] тело: [[неврон]]ите, [[нерв]]ите и [[Нервно ткиво|нервните ткива]]. Основната [[Морфологија (биологија)|морфолошко]] - [[Физиологија|физиолошка]] единица на нервниот систем е невронот, односно нервната [[клетка]]. Нејзина основна карактеристика (а со тоа и на нервниот систем) е [[надразливост]]а. Со помош на овој белег, нервниот систем прима [[Нервен стимул|стимули]] и на нив одговара со определена акција (одговор на стимулот).
 
И додека сите други органски системи кај животните ја вршат својата специфична функција, нервниот систем нема некоја таква функција во [[Организам|организмот]], туку влијае и ја контролира работата на сите останати органски системи со помош на нервите и нивните разграноци , така нервниот систем навлегува во сите делови на телото и е во врска со сите [[Ткиво|ткива]] и нивните клетки.
Ред 43:
 
== Нервен систем кај ’рбетниците ==
'Рбетниците’Рбетниците имаат најсложено граден нервен систем,познат како цевчест нервен систем. Нервната цевка е сместена во 'рбетниот’рбетниот канал познат како 'рбетен’рбетен мозок. Во предниот дел 'рбетниот’рбетниот мозок се проширува и го гради черепниот мозок. Черепниот мозок е составен од пет дела: голем или преден, мал или заден, меѓумозок , среден и продолжен мозок. Овој нервен систем е познат како централен нервен систем.
 
Периферниот нервен систем го сочинуваат сите нервни клетки надвор од мозоците. Нервниот систем кај цицачите достигнал највисок степен на развиток. Најдобро е развиен предниот мозок познат како голем мозок.
 
Големиот мозок е изграден од две хемисфери (полутопки), лева и десна, кои се меѓусебно поврзани. Кај големиот и малиот мозок на цицачите се развива мозочна кора која е набрчкана, со многу бразди (виуги). Во кората на мозокот се сместени голем број на центри кои на цицачите им овозможуваат многу побрзо и полесно да се снајдат во надворешната средина и соодветно да реагираат на надворешните дразби.
 
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Нервен систем|*]]