Месечеви мени: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 79.125.203.58) и ја поврати преработката 3792685 на P.Nedelkovski
Ред 1:
[[Податотека:Lunar libration with phase Oct 2007 450px(continuous loop).gif|thumb|right|200px|Анимација на Месечината додека минува низ сопствените мени, гледано од северната полутопка. Привидното лулање на Месечината е познато како [[либрација]]. Привидната промена на големината е поради екцентричноста на месечевата орбита.]]
 
'''Месечевите мени''' — облик на осветлениот дел на [[Месечина]]та што се набљудува од луѓето, кои се на површината на Земјата. Месечевите мени се менуваат кружно како што Месечината орбитира околу Земјата, во согласност со менувањето на релативната положба на [[Земја]]та, [[Месечина]]та и [[Сонце]]то. Месечината и Земјата се плимно сврзани, и поради тоа од Земјата секогаш се гледа истата страна на Месечината. Ова согледување е различно поради осветленоста која доаѓа од Сонцето и зависи од положбата на Месечината во својата орбита. Затоа, делот од полутопката кој е видлив за набљудувачите на Земјата може да се менува од 100% ([[полна месечина]]) до 0% ([[млада месечина]]). Месечевиот самрак е границата помеѓу осветлените и затемнетите области на Месечината. Покрај неколку кратери во близина на месечевите полови како Шумејкер, сите останати делови на Месечината добиваат околу 14,77 дена на сончева светлина проследено со 14,77 денa ноќ (темната страна на Месечината е ознака која се однесува на радио тишината (а не на отсуството на светлина).