Кинеска кујна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Изглед: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 8:
Оброкот во [[кинеска култура|кинеската култура]] обично се состои од два или повеќе дела: (1) [[јаглехидрат]]ен или [[скроб]]ен дел, познат како 主食 („чуши“ = главна храна) — обично [[ориз]], [[нудли]] или [[манти]], и (2) придружни јадења [[зеленчук]], [[месо]], [[риба]] или други храни, познати како 菜 („цај“ = зеленчук). Ова [[култура|културно поимување]] прилично се разликува од западните кујни, каде изворот на [[протеин|животински белковини]] се смета за [[главно јадење]].
 
Нудлите се мошне важен дел од кинеската кујна. Во многу делови од Кина, особено во [[северна Кина]], предоминираат [[пченица|пченичните]] производи како [[нудли]]те и мантите, додека пак во [[јужна Кина]] предоминира оризот. И покрај важноста на оризот во кинеската култура, по крајно формални прилики оризот сосема се испушта; во таков случај оризот се служи само кога сите други јадења се завршени, или пак како симболично јадење од пржен ориз на крајот на оброкот. [[Супа|супитеСупите]] и [[чорба|чорбите]] се служат на почетокот на [[оброк]]от, освен во јужна Кина, каде се служат на крајот.
 
За разлика од другите кујни, оброкот во Кина не завршува со десерт. Слатко јадење може да се послужи само на крајот на формалните ручеци или гозби, и истото се состои од [[овошје]] или [[Тунг суј|слатка чорба]] (糖水 = шеќерна вода) која се служи топла.