6.158
уредувања
с (Додадена категорија using AWB) |
|||
[[Податотека:Unemployment rate world from CIA figures2.PNG|мини|десно|300п|Процентулна застапеност на невработеноста ширум светот.]]
'''Невработеност''' (или '''безработица''') — социјално-економска појава, при кое дел од активната [[работна сила]] во определена држава или регион бара работа, но истата не
Процентот
== Видови невработеност ==
Постојат неколку основни видови на невработеност:
=== Фрикциона невработеност ===
Фрикционата невработеност претставува најлесен вид на невработеност. Овој вид на невработеност најчесто се појавува поради две причини: несоврешноста на [[Пазар на труд|пазарот на труд]], која најчеста причина е отсуството на соодветни и благовремени информации за новосоздадените и слободните работни места и поради перманентните флуктуации на вработените од едно на друго работно место. Овој тип на невработеност е постојано присутен во секоја економија, односно не постои држава која има 0% на невработеност.
=== Структурна невработеност ===
За разлика од фрикционата невработеност, структурната невработеност е доста потежок вид на невработеност кој најчесто резултира со долгорочна невработеност на работниците. Причина за овој вид на невработеност може да бидат структурните промени во економијата кои зависат од технолошките промени. Брзиот развој на високите технологии предизвикуваат значителни поместувања во земјите со пазарна економија, односно зголемување на значењето и учеството во бруто домашниот производ на една земја на определени сектори, за сметка на други сектори. Поради ова доаѓа до неусогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд, односно постои недостаток на кадар во растечките сектори, а постои вишок на кадар во опаѓачките сектори. Овој вид на невработеност е потежок за решавање поради фактот што потребен е подолг временски период работниците од опаѓачките сектори да се преквалификуваат и обучат со вештини потребни за работа во растечките сектори. Ова е причината за долгорочната невработеност на работниците.
=== Циклична невработеност ===
Цикличната невработеност е поврзана со цикличните движења и развојот на пазарните економии. Кога економијата се наоѓа во фаза на [[рецесија]], во тој случај економската активност опаѓа, а со тоа се намалува побарувачката за работна сила, а тоа доведува до зголемување на бројот на невработени. Додека во случај на експанзија економската активност се зголемува, а со тоа се зголемува и побарувачката за работна сила, чиј краен резултат е намалување на бројот на невработени. Цикличната невработеност зема замав, односно е најголема во услови на [[депресија]].
==Невработеноста во Европската Унија==
==Невработеноста во Македонија==
Според податоците на [[Завод за статистика (Македонија)|Заводот за статистика]], во последното тримесечје на [[2014]] година имало 265.370 невработени лица, односно стапката на невработеност изнесувала 27,6%. Притоа, од вкупниот број невработени, 158.383 биле мажи, додека
== Наводи ==
{{наводи}}
== Надворешни врски ==
* [http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=98 Завод за статистика, Активно население] (содржи податоци за невработеноста)
* [https://av.gov.mk/nevrabotenost.nspx Агенција за вработување, Невработеност]
* [http://isppi.ukim.edu.mk/images/392333NEVRABOTENOST%20-%20rizici%20i%20predizvici-%20FINALNA%20FINALNA%20verzija-%2024%2012%202013.pdf Јорде Јаќимовски и др., „Невработеност: ризици и предизвици“], 2013.
* [https://www.uklo.edu.mk/filemanager/trudovi/2ro%20mesto%20trud.pdf Вуко Мелов, „Невработеноста во Република Македонија најголем социоекономски проблем“], 2015.
{{Економија-никулец}}
|