Стар Рим: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: лидер → водач (3)
Ред 39:
== '''Мариј и Сула''' ==
Гај Мариј ја започнал својата политичка кариера со помош на моќната фамилија Метели и наскоро станал водач на републиката, извршувајќи едно од првите седум конзулства (со невидено искуство) во 107 година п.н.е.. Тој тврдел дека неговиот поранешен заштитник Квинт Цецилиј Метел Нумидски не бил во можност да го порази и да го зароби кралот на Нумидија- Југурта. Подоцна Мариј ја започнал својата воена реформа: за да се бори со Југурта, тој регрутирал многу сиромашни луѓе и многу луѓе кои немале земја, влегле во војската. Со овој начин се обезбедувало лојалност од војската кон главниот командант.
Во тоа време, Мариј ја започнал својата караница со Луциј Корнелиј Сула. Мариј кој сакал да го зароби Југурта, побарал од зетот на Југурта- Бок I да го предаде Јогурта на Римјаните. Кога Мариј не успеал, Сула којшто бил негов заштитник во тоа време, се ставил себеси во опасна ситуација и отишол кај Бок. Го убедил Бок да му го предаде Јогурта. Бидејќи многу од неговите непријатели го охрабрувале Сула да му се спротивстави на Мариј, ова претставувала провокација за него. И покрај ова, Мариј бил избран за пет последователни конзулства од 104 до 100 година п.н.е., поради тоа што на Рим му бил потребен воен лидерводач да ги порази племињата Кимбри и Тевтонци, кои претставувале закана за Рим.
По повлекувањето на Мариј, Рим доживеал краток мир, во кој италијанските сојузници побарале римско државјанство и право на глас. Реформистот Марко Ливиј Друз го поддржал нивниот правен процес, но тој бил убиен и сојузниците се кренале против Римјаните во социјалната војна. Во еден момент биле убиени двајцата конзули, Мариј бил задолжен да командува со војската заедно со Луциј Јулиј Цезар и Сула.
Кон крајот на социјалната војна, Мариј и Сула биле главните лица на војската во Рим. Нивните приврзаници имале конфликт, борејќи се за моќ. Во 88 година п.н.е. Сула бил избран за неговото прво конзулство и неговата прва задача била да го порази Митридат VI од Понт, кој имал намера да го освои источниот дел на римската територија. Сепак, приврзаниците на Мариј ги извршиле воените постројки, спротивставувајќи се на Сула и на Сенатот. Ова била причина за гнев на Сула. За да ја зацврсти својата моќ, Сула спровел изненадувачко и незаконско дело: тој марширал до Рим заедно со својата легија и ги убил сите оние кои ги поддржале причините на Мариј и им ги набил главите на колци кај Римскиот форум.
Ред 46:
 
== '''Цезар и неговиот прв триумвират''' ==
Во средината на 1 век п.н.е. римските политики биле многу активни. Политичките поделби во Рим биле помеѓу две групации: популаристи (кои се надевале на поддршка од народот) и оптимати (се сметале за најдобри и кои сакале да одржат целосна аристократска контрола). Сула ги соборил сите популаристички лидериводачи и со неговите уставни реформи се отстраниле овластувањата (како оние на трибуните за сиромашните луѓе) за поддршка на сите популаристички пристапи. Во меѓувреме продолжиле да се појавуваат социјални и економски стресови: Рим станал метропола со пребогата аристократија, задолжени претенденти и голем пролетеријат составен од осиромашени фармери. Другите групи го поддржувале катилинарскиот заговор кој бил убедлив неуспех, бидејќи конзулот Маркус Тулиј Цицерон брзо ги затворил и ги погубил главните лидериводачи на заговорот.
По овој бурен настан, се појавил Гај Јулиј Цезар од многу аристократско семејство со ограничено богатство. Неговата тетка Јулија била сопруга на Мариј и Цезар бил дел од популаристите. За да постигне моќ Цезар се здружил со двајцата најмоќни мажи во Рим: Марк Лициниј Крас, кој финансирал голем дел од неговата поранешна кариера; и неговиот ривал Гнеј Помпеј ( познат како Помпеј), кој се оженил со ќерката на Цезар. Тој заедно со нив создал нова неформална алијанса која се викала првиот триумвират (тројца мажи). Оваа алијанса ги задоволила интересите на сите тројца: Крас кој бил најбогатиот човек во Рим, станал побогат и на крајот добил високо воено овластување; Помпеј имал поголемо влијание во Сенатот и Цезар добил конзулство и воено овластување во Галија. Тие всушност претставувале владетели на Рим. Во 54 година п.н.е. ќерката на Цезар, односно жената на Помпеј, починала при породување. Ова предизвикувало разрешување на една врска во алијансата. Во 53 година п.н.е Крас извршил инвазија врз Партија и бил убиен во Битката кај Каре. Триумвиратот се распаднал по смртта на Крас. Крас бил посредник меѓу Цезар и Помпеј и без него двајцата генерали војувале еден против друг за моќ. Цезар ја освоил Галија, добивајќи огромно богатсво, почит во Рим и лојалност на борбено појаките легии. Тој исто така станал јасна закана за Помпеј и бил мразен од страна на оптиматите. Партијата на Помпеј која била убедена дека Цезар може да биде запрен со правни мерки, се обидела да го одвои Цезар од неговите легии. Тоа било вовед кон судењето, осиромашувањето и прогонството на Цезар. За да ја избегне оваа судбина, Цезар ја преминал реката Рубикон и го нападнал Рим во 49 година п.н.е.. Бидејќи биле протерани од Цезар, Помпеј и неговата партија побегнале од Италија.
Во Битката кај Фарсал Цезар имал сјајна победа. Во оваа и други воени акции тој ги убил сите водачи на оптиматите: Квинт Цецилиј Метел Скипион, Марко Порциј Катон помладиот и синот на Помпеј- Гнеј Помпеј. Помпеј бил убиен во Египет во 48 година п.н.е. и Цезар бил водечки генерал за Рим и привлекувал се полоши непријателства на многу аристократи. На него му биле доделени многу должности и почести. За само пет години, тој извршил четири конзулства, две обични диктатури и две специјални диктатури: една за 10 години и друга за постојано време. Тој бил убиен во 44 година п.н.е. на мартовските Иди од либератите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стар_Рим