Отоманска Албанија: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 3 години
с
→‎Отпор против Османлиите: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Отпор против Османлиите: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
с →‎Отпор против Османлиите: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
Ред 14:
Албанскиот отпор против Османлиите започнал кон средината на 15 век. [[Јован Кастриот]] бил еден од албанските аристократи кој претходно се заколнал во верност кон султанот. Тој бил принуден да ги испрати своите четири синови во османлискиот двор каде биле обучени за воена служба. Најмалиот од нив, [[Ѓорѓија Кастриот]] (1403-1468) го привлекол вниманието на султанот. Со прифаќањето на исламот тој го добил името Искендер. Тој учествувал во неколку походи во Мала Азија и Европа, па тој бил назначен за администратор на балканските земји и тој од тој период станал познат како Скендербег. Во 1443 година Скендербег доживеал пораз во [[Битка кај Ниш|Битката кај Ниш]] од страна на [[Унгарци]]те. По овој пораз Скендербег преку измама успеал да го убеди османлискиот паша и владетел на [[Кројска тврдина|Кројската тврдина]] да ја предаде тврдината, бидејќи така наредил султанот. Така по заземањето на тврдината Скендербег го прифатил католицизмот и објавил света војна против Османлиите.
 
На [[2 март]] [[1444]] била формирана [[Лешка лига]] на чело со Скендербег. Лигата била предводена од [[Ѓорѓија Кастриот]], а по неговата смрт од [[Лека Дукаѓини]]. Ѓерѓ ја организирал средбата на албанските благородници од фамилијата Аријанити, Дукаѓини, Спата, Топи, Музаки и лидеритеводачите на слободните албански кнежевства од високите северноалбански планини во градот [[Леска (Албанија)|Леска]]. На средбата било договорено да се организира заеднички отпор против османлиските освојувачи, а за водач на лигата бил избран Скендербег. Лигата била организирана како конфедерација бидејќи секое кнежевство го зачувал својот суверенитет.
 
Бројот на албанските војници достигнал преку 10.000 луѓе. Главна помош лигата ја добивала од Венеција, Унгарија и папата во Рим. На 14 мај 1449 година започнала опсадата на Светиград која завршила со османлиска победа. Најголема победа на Скендербег се случила во опсадата на [[Кроја]] во 1450 година. Во следниот период Скендербег ги зазел градовите [[Дебар]] и [[Охрид]]. Скендербег починал во 1468 година а на негово место бил поставен Лека Дукаѓини. Лешката лига се одржала до 1479 година кога била принудена да отстапи пред Османлиите.