Катарство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Улогата на жените во Катарството: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
Ред 13:
Се смета дека Катарството им ги давало на жените најголемите можности за независност откако жените станале верници, како и Перфекти, кои беа во можност да ја администрираат [[Свети тајни|светата тајна]] консоламентум. Катарите верувале дека ќе бидат постојано реинкарнирани се додека не се откажат од материјалниот свет, што значи дека маж може да се реинкарнира како жена и обратно, рендерирајќи го [[Род (социологија)|родот]] потполно бесмислен. Духот е од исклучително значење за катарите и беше опишан како нематеријален и безполов. Поради ова верување, катарите ги сметале жените за подеднакво способни да бидат духовни водачи, со што го поткопуваат самиот концепт на [[Род (социологија)|родот]] одржан од страна на Католичката црква и ова не останало незабележано.
 
Жените кои беа обвинети за ерес од [[Христијанство]]то од почетокот на средниот век биле оние етикетирани како [[Гностицизам|Гностици]], Катари, Бегвини како и неколку други групи кои понекогаш беа измачувани и погубени. Катарите, како и нивните претходници Гностиците, и доделиле повеќе важност на улогата на [[Марија Магдалена]] во ширењето на раното христијанство од Црквата. Нејзината витална улога како наставник придонесе за Катарското верување дека и жените можат да бидат духовни лидериводачи. Со голема почит за [[Евангелие според Јован|Евангелието според Јован]], катарите ја сметале Марија дури и за поважна од [[Свети Петар]], основачот на црквата.
 
Катарското движење беше исклучително успешно во стекнување на женски следбеници, поради своите [[протофеминизам|протофеминистички]] учења како и поради општото чувство на исклученост од Католичката црква. Катарството привлекло голем број жени со ветување на свештеничка улога која Католичката црква не ја дозволи. Катарството дозволи жените да станат Перфекти на верата, позиција со далеку повеќе престиж отколку било која понудена од Црквата. Овие женски Перфекти требале да се придржуваат на строг и аскетски начин на живот, но сепак биле во можност да имаат свои куќи. Во некои групи на катари дури имало повеќе жени отколку мажи.