Големо босанско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонско име на предлошка, replaced: {{flag| → {{знаме|
с Јазично подобрување, replaced: лидер → водач (3)
Ред 47:
Сепак Градашчевиќ многу се разбеснил кога бил потпишан договорот од [[Едрене]] на [[14 септември]] [[1829]] година кога на [[Србија]] и било дадена [[автономија]]. Преку добивањето на автономија, на Босна и биле одземени шест области. Главно поради ова во Босна се родило движење за автономија.
 
Во почетокот на [[1831]] година бил одржан состанок во Тузла чија цел била подготовката на востанието. На овој состанок бил упатен позив до босанскиот народ да се крене на востание во одбрана на Босна. Востаниците освен враќање на териториите на Босна сакале да се престане со новите реформи во земјата и да се даде автономија на Босна која ќе биде управувана од влада а истата влада ќе има обврска да плаќа годишен данок на империјата. За лидерводач на востанието бил избран Хусеин Градашчевиќ.
 
== Борба за автономија==
 
Во градот Травник се наоѓал седиштето на Босанскиот пашалак и востаниците решиле најпрвин да се соочат со главните административци во земјата. Така на 29 март 1831 година Градашчевиќ се упатил кон Травник со сила од 4,000 војници. Кога разбрал за ова, Намик Паша заминал кон тврдината за да се спрема за војна. Кога босанската армија пристигнала започнала да пука кон тврдината, а во меѓувреме лидеротводачот испратил еден одред од своите сили на чело со Мемиш ага кон братот на пашата, Сулејман. Овие сили се сретнале кај Пирот во предградието на Травник на 7 април каде Сулејман доживеал пораз а по ова и Намик паша побегнал а Градашчевиќ се прогласил за врховен командант на Босна избран од народот.
 
По ова следувала општа мобилизација на населението меѓу кои имало и христијани за кои се смета дека броеле до една третина од вкупниот број на востаници. Војската била поделена на два дела, едната во Ѕворник за да ја заштити територијата од можен спрски напад а со другиот дел се упатил кон Косово за да го пресретне големиот везир кој бил испратен да го задуши востанието. По патот ги зазел Печ и Приштина каде го направил својот логор.
Ред 63:
Османлискиот напад започнал кон почетокот на февруари. Големиот везир испратил две војски, едната од Вучитрн а другата од Скадар. Двете војски паралелно се упатиле кон Сараево, а Градашчевиќ своите сили од околу 10,000 војници им наредил да ги пресретнат. Кога османлиските сили успеале да ја преминаат реката Дрина, Градашчевиќ наредил на Али Паша да ги пресретне со своите 6,000 војници да ги пресретне кај Рогатица, додека пак силите од Вишеград заминале кон Палама.
 
Конечната битка се случила кај Гласница, источно од Сараево. Босанските сили биле предводени од самиот Градашчевиќ додека османлиските биле на чело со Кара Махмуд Хамди Паша, новопоставениот босански везир од османлискиот султан. По првата битка босанските сили биле приморани да се повлечат кон Сараево. На 4 јуни започнала последната битка. На почетокот босанските сили имале голем успех но тогаш на сцена стапиле силите на Херцеговина на чело со Али Паша Ризвангеговиќ. Следниот ден османлиската војска влегла во Сараево а лидеротводачот на босанските сили побегнал во Австрија.
 
[[Категорија:Отоманска Босна и Херцеговина]]