Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 1 година
с
Јазично подобрување, replaced: лидер → водач (2)
[проверена преработка][проверена преработка]
с (Правописна исправка, replaced: турците → Турците (9))
с (Јазично подобрување, replaced: лидер → водач (2))
== Војна со отоманците ==
 
Влад се здружил со Матиас Корвинус, кралот на Унгарија. Валахија била прогласена како дел од Отоманското Царство од султанот Мехмет II. Во 1459, Папата Пиус Втори повикал на нова крстоносна војна против отоманците, на конгресот во Мантуа. Единствениот европски лидерводач што покажал ентузијазам за таква војна бил Влад Цепеш.
Подоцна таа година, во 1459, Мехмет му пратил гласник на Влад за да го натера да го плати задоцнетиот данок. Влад одбил да ги плати 10 000 дукати. За да испровицира и поттикне војна со отоманскиот султан, Влад ги убил турските гласници, со заковување на нивните турбани за главите. Подоцна отоманците се обиделе да го отстранат со што Турците го преминале Дунав и почнале да регрутираат адолесцентни романци во јаничари.
Во меѓувреме султанот добил информации со кои се разоткрила доминацијата на Влад над Дунав. Тој го испратил бегот од Никополис, Хамза Паша за да склучи мир и/или да го елиминира Влад Трети.
== Ставот кај романците ==
 
Романскиот фолклор и литература од друга страна го отсликуваат Влад Цепеш како херој. Неговата репутација во родната земја е на човек кој застанал пред странските и домашните непријатели давајќи му речиси спротивен симболизам од вампирот на Стокер. Во Романија тој се смета како еден од најголемите лидериводачи во историјата на земјата и се наоѓа во списокот на „100 најголеми романци“ во телевизиската серија „Mari Români“ емитувана во 2006.
Современиот портрет за Влад Трети, откриен од романски историчари во доцниот 19 век, е приложен во галеријата на хоророт во замоко Амбрас во Инсбрук. Оригиналот е некаде загубен, но поголема копија насликана анонимно во втората половина на 16 век сега се наоѓа во истата галерија.
Неговата слика во модерната романска култура се судира со странските перцепции. Последниот дел од популарната поема од 19 век на Михаи Еминеску, „Scrisoarea a III-a“, помогна околу претворањето на сликата за Влад во модерна легенда, каде тој е човек во контраст со претпоставуваниот општествен распад под Фанариотите и политичката сцена од 19 век (сугерирајќи дури и дека насилните методи на Влад би можеле да бидат лекот). Имено првиот автор да го претстави Влад како романски херој бил од Трансилванија кој веројатно никогаш не отпатувал во Валахија, тоа е Јоан Будаи-Делеану. Околу 1800-та тој напишал романски херокомична епска поема, „Țiganiada“, во која принцот Влад Цепеш е свиреп воин кој се бори против отоманците. Многу пред романската литература, ова дело, за разлика од тоа на Еминеску, останало необјавено и игнорирано речиси еден век, и не причинило никакво влијание.