Аспазија (поетеса): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с →‎Животопис: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
Ред 5:
Аспазија била родена и израсната во богато селско семејство во близина на [[Јелгава]] во 1865 година, каде што студирала и била активна во младинските организации. Таа ја напушти гимназијата во текот на последната година од студиите, а во 1886 година стапила во брак со Вилхелм Макс Валтер. Подоцна таа стана заинтересирана за [[Книжевност|литературата]], главно од германски автори. Нејзината прва публикација беше во 1887 година во весникот ''Dienas Lapa''. Во 1891 година таа се разведе од нејзиниот сопруг и до 1893 година работела како приватна учителка во Јаунсвирлаука. Во 1893 година таа се пресели во [[Рига]] и почна да работи како [[новинар]]. Во 1894 нејзините први игри ''Vaidelote'' и ''Zaudētās tiesības'' беа изведена во Рига.<ref name=r1/><ref name=r2/>
 
Во овој период таа се сретна со Јанис Плиекшане (подобро познат како Рајнис), уредник на весник, поет, адвокат и лидерводач на движењето Нова струја (Jaunā strāva). Под негово влијание Аспазија се приклучи на Нова струја. Тие стапиле во брак во 1897 година, кога се преселиле во [[Паневежис]], [[Литванија]], по распуштањето на Нова струја. Истата година Аспазија ја објави својата прва збирка на поезија. Поради неговите политички активности Рајнис бил затворен, а подоцна и осуден на пет години егзил во [[Руско Царство|Русија]] од 1897 до 1903, а Аспазија отишла по него. Заедно тие ги превеле на латвиски многу од делата на [[Јохан Волфганг фон Гете|Гете]]. Подоцна се вратиле во Латвија и продолжиле со пишувањето, а Рајнис истовремено учествувал и во [[Социјализам|социјалистичкото]] движење.<ref name=r1/><ref name=r2/>
 
Револуцијата од 1905 година започна со протести во [[Санкт Петербург]] во јануари. По неколку дена протестите се прошириле кон Рига и многу луѓе биле убиени на 13 јануари 1905 година. Претсавата на Аспазија - "Vaidelote" (Весталката) - беше објавена во јануари и беше толкувана како раскинување со империјалистичка Русија. (Рајнис исто така објави збирка на револуционерни песни, ''Vētras Sēja'' (''Сеењето на бурата'').) Царот нареди да бидат пронајдени востаниците, многу од кои биле уапсени и убиени во периодот од 1905-6. Поради ова, Рајнис и Аспазија побегнале во [[Швајцарија]] и живееле во егзил во Кастагнола од 1905 до 1920 година.<ref name=r1/><ref name=r2/>