Deep Purple: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Повторно обединување: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
с →‎Рани години: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
Ред 37:
Барајќи вокална замена, на Блекмур му се допадна деветнаесетгодишниот пејач Тери Рид, кој одби слична можност да пее во ново-формираните Лед Цепелин, една година порано. Иако Рид ја сметаше оваа понуда како да му „ласкаат“, сепак беше обврзан да го исполни договорот со неговиот продуцент Мики Мост и беше повеќе заинтересиран за неговата соло-кариера. Блекмур немаше друг избор освен да бара на друго место. Бендот го „улови“ Јан Гилан, од Епизоуд сикс, бенд кој имаше издадено повеќе синглови во Велика Британија, без да достигнат комерцијален успех. Гилан еднаш разговарал со Ник Симпер кога Дип парпл се формирале, но Гилам му рекол дека проектот Roundabout нема да стигне никаде, додека чувсвуваше дека Епизоуд сикс ќе доживее голем успех. Тапанарот на Сикс, Мик Андервуд, - стар пријател на Блекмур од неговите дена во Севиџ – на бендот им ги претстави Гилан и басисот Роџер Гловер. Ова ефективно ги уби Епизоуд сикс и му наби комплекс на вина на Андервуд, што траеше скоро една деценија, додека Гилан го регрутира за неговиот пост-Парпл бенд во доцните седумдесетти. Ова ја создаде поставата Марк 2 на Дип парпл, чиј прв сингл беше „Hallelujah“. И покрај тоа што се појавија на телевизија за да го промовираат синглот во Велика Британија, песната пропадна. Блекмур им имаше речено на Рекорд Мирор дека тие „треба да имаат комерцијален сингл во Британија“, и ја опиша песната како „нешто измеѓу“ – медиумски повеќе отколку што бендот би направил без додаден комерцијален мотив.
 
Бендот стекна многу потревен публицитет во септември 1969 година, со „Концертот за група и оркестар“, дело во три дела, компонирано од Лорд како соло проект и изведен од бендот во салата Ројал Алберт со Ројалскиот филхармониски оркестар, диригиран од Малколм Арнолд. Заедно со Фајв бриџес од The Nice, тоа беше едно од првите соработки меѓу рок бенд и оркестар. Овој жив албум, „Концерт за група и оркестар“ беше нивниот прв албум кој доживеа успех и достигна на топ-листите во Велика Британија. Меѓутоа, Гилан и Блекмур беа помалку од среќни што бендот беше нарекуван „група што свири со оркестри“ во тоа време; а тие во тоа време сакаа да го одведат бендот во потежок, хард-рок стил. Без оглед на ова, Лорд го напиша Gemini Suite, уште една соработка на оркестар/група во ист стил, за бендот во доцните седумдесетти. Роџер Гловер подоцна изјави дека Џон Лорд беше лидеротводачот на бендот во раните години.
 
== Премин и растурање ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Deep_Purple