Протогеровисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Селам 1 меѓујазични врски во Википодатоци на d:q12291588
с Јазично подобрување, replaced: лидерс → водач
Ред 1:
[[Податотека:Protogerov-2.jpg|мини|десно|200п|Александар Протоѓеров]]
'''Протогеровистите''' биле приврзаници на [[Александар Протогеров|Александар Протоѓеров]], личности што ги обединувале заедничките симпатии кон неговата личност и дејност, фракција на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] и македонското револуционерно движење <ref>Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Аковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год</ref>. На [[7 јули]] [[1928]] година во [[Софија]] бил извршен [[Атентат врз Александар Протогеров|атентат врз Александар Протоѓеров]], членот на ЦК на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]]. Убиството било извршено од тројца атентатори: Стефанов, Гузданов и Витларев под раководство на [[Кирил Дрангов]] од михајловистичкото крило на ВМРО. Наредбата за атентатот била издадена од другиот член на ЦК, [[Иван Михајлов |Иван Михајлов]], под обвинение дека Протоѓеров учествувал во [[Убиство на Тодор Александров|заговорот против Тодор Александров]].
 
Суштинската причина за убиството на [[Александар Протогеров|Александар Протоѓеров]] била борбата за превласт во редовите на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]], каде [[Иван Михајлов]] решил преку физички ликвидации да ги отстрани сите негови евентуални конкуренти за лидерскотоводачкото место во ЦК.
 
По убиството на членот на ЦК на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]], [[Александар Протогеров|Александар Протоѓеров]], покрај вербалните пресметки преку весниците, расправиите и несогласувањата меѓу двете спротивставени фракции - протоѓеровисти и михајловисти, се преселиле на улиците на бугарските градови и се расчистувале со куршуми. Според бројот на жртвите овие неколку години претставувале период со најмногу меѓусебни физички ликвидации во македонската историја.
 
На една страна се наоѓале приврзаниците на убиениот Протоѓеров кои во тие пресметки повеќе влегле изнудено и претежно се наоѓале во дефанзива, а нивниот начин на вооружено дејствување имал карактер на самоодбрана. На другата страна се наоѓале приврзаниците на [[Иван Михајлов]], кои биле поенергични, подобро вооружени и со повеќе финансиски средства и затоа имале повеќе успех во извршените атентати.
 
Во меѓусебните убиства и атентати биле убиени повеќе стотина македонски дејци од сите идејни теченија во македонското националноослободително движење, со што му биле зададени големи загуби на македонското револуционерно ткиво.
== Извори ==
{{наводи}}
[[Категорија:Фракции на ВМРО]]
 
{{Македонија-никулец}}
{{Бугарија-никулец}}
 
[[Категорија:Фракции на ВМРО]]