Вандали: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Повеќе информации: Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека
с →‎Повеќе информации: Јазично подобрување, replaced: лидерство → водство
Ред 12:
Вандалите не биле многу значаен народ сè додека не почнале воени походи против римската империја.
 
Во 406 година, Вандалите почнале да мигрираат од Панонија. Се отселувале западно. Кога стигнале кај реката Рајна, нивниот напредок бил запрен од страна на Франките, кои имаа контрола врз северните делови на Гаул. Во битките на овој простор, 20,000 Вандали, вклучувајќи го и Годигисел, кој бил крал на Вандалите (359-406), го загубиле својот живот. Но, со помошта на Аланите, тие ги поразиле Франките, со што на 31 декември 406 година ја преминале реката Рајна. Откако ја преминале Рајна, тие го освоиле Гаул и го уништиле, под лидерствоводство на кралот Гундерик, син на Годигисел.
 
На 13 октомври 409 година, Вандалите ги преминале Пиринеите и влегле во Пиринејскиот Полуостров. Тука, тие добиле голем имот од страна на Римската Држава, со цел тие да им дадат воена поддршка.  Секое вандалско племе добило одредена територија. Хасдингите ја добиле Asturia, Силингите ја добиле Hispania Baetica, Аланите добиле делови од Lusitania и еден дел добиле од Carthago Nova. Свевите контролирале дел од Gallaecia. Визиготите, пред да земат делови од Јужна Франција ги нападнале Аланите, убивајќи го Атакес, аланскиот крал. Со ова, Вандалскиот крал Гундерик ја добил круната на Аланите. Од ова, подоцнежните вандалски кралеви ќе ја добиеле титулата „Rex Wandalorum et Alanorum“, или во превод „Крал на Вандалите и Аланите“. Во 419 година, Хасдинги Вандалите биле поразени од здружените сили на Римјаните и Свевите. Гундерик избегал во Baetica, каде што ја добил круната на Силинги Вандалите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Вандали