Охридска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
 
== Навики, живеалиште, распространетост ==
Охридската пастрмка е ендемски вид риба на [[Балкан]]от и во Европа. Таа е најблизок потомок на видовите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на [[терциер]]от .Охридската пастрмка природно живее само во [[Охридско Езеро]]. Во другите езера во Република Македонија и водените екумулации овој вид е порибуван.
 
Охридската пастрмка вештачки се мрести во [[Хидробиолошкиот завод- Охрид]] и во мрестилиштето ''Шум'' во [[Струга]]. Основна цел на
постоечките мрестилишта е порибување на Охридското Eзеро и одржување на популацијата на охридската пастрмка во него.
Во минатото направени се повеќе обиди и Охридската пастрмка е пренесена и во други водени биотопи надвор од нашата земја (власинска акумулација, неколку акумулации во САД). Во новите услови на средината охридската пастрмка исклучително успешно се одржала и покажала значително поголемо темпо на тежински и должински прираст, како и скратување на периодот на постигнување на полова зрелост, споредено со
Охридското Езеро. Исто така, Охридската пастрмка во експериментални услови се одгледува и во неколку салмонидни рибници во Република Македонија и покажува задоволителни резултати. <ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>
 
 
Охридската пастрмка секогаш живее во [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]]. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.
Ред 43 ⟶ 49:
Половата зрелост охридската пастрмка ја достигнува со навршени 4 до 5 години старост, а се мрести во зимските месеци, од декември до април, на песковитите и чакалестите делови на Охридско Eзеро и во близина на сублакустричните извори обично кога достигнуваат должина од 35 - 40 цм и околу 400 до 500 грама телесна тежина.
 
Подмладокот на охридската пастрмка се исхранува исклучиво со планктонски организми, додека постарите единки покрај планктон конзумираат и амфиподи, изоподи, инсекти и мекотели како и икра и други видови риба. <ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>
 
 
Mелезите се настанати со вкрстување на ''поточна пастрмка'' и ''охридската пастрмка'', кои по телото имаат наизменично распоредени црвени округли и сиви ѕвездести пеѓи како летницата.
 
==Значење==
Охридската пастрмка има исклучително големо значење како објект за рекреативен риболов, но многу повеќе како објект за стопански риболов. Поради својот квалитет и доминантноста во пелагијалните води на езерото, од секогаш била најинтересниот објект за стопански риболов. И покрај сите мерки за заштита, навалата за искористување на рибните ресурси на Охридското Езеро е повеќе од силна, што покажуваат
и статистичките податоци за лов. Доминирањето на помали должински и тежински класи во ловините е знак дека интензитетот на риболовот е пораснат преку оптималната граница. <ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.Македонија, бр.145]</ref>
 
 
 
== Наводи ==