Светец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWP #WPWPMK
с →‎Светците во средновековната латинска книжевност: Обичајна исправка, replaced: Григориј од Тур → Григориј Турски
Ред 3:
 
==Светците во средновековната латинска книжевност==
Во средновековната црковна книжевност се истакнува големата моќ на светците од кои [[ѓавол]]ите имаат голем страв. На пример, во делото „[[Дијалози (дело на Григориј Велики)|Дијалози]]“, Григориј Велики раскажува како [[свети Фортунат]] го избркал ѓаволот од еден опседнат човек, по што ѓаволот скитал низ градските улици жалејќи се дека останал без засолниште. [[Григориј од ТурТурски]] ја наведува случката во која некоја жена не можела да се породи и ја испратила својата сестра да ја побара [[Паганство|паганската]] божица [[Дијана]]; тогаш ѓаволот (зашто тој бил паганското [[божество]]) ја упатил на [[Апостол Андреја|апостолот Андреја]], т.е. ја признал моќта на [[светци]]те.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 291-293.</ref> Исто така, ѓаволот кој ја запоседнал ќерката на некој италијански [[херцог]] не сакал да излезе, барајќи да дојде [[Свети Гал|св. Гал]], а штом пристигнал, светецот го избркал ѓаволот (кој имал лик на врана) и го истерал во пеколот.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 387.</ref> Во „Житието на св. Мартин“ (''De vita beati Martini''), [[Сулпициј Север]] пишува дека ѓаволот постојано го опседнувал св. Мартин, а еднаш се појавил во царска облека, претставувајќи се како [[Христос]] и барајќи светецот да му се поклони. Но, светецот не наседнал на итрината, па ѓаволот морал да си замине, оставајќи зад себе непријатен мирис во ќелијата.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 358.</ref> Во друга прилика, св. Мартин го избркал ѓаволот од некој опседнат човек, но притоа не му дозволил да излезе од устата на опседнатиот, туку го натерал да се спушти во [[желудник]]от.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 389.</ref> Во житието на [[Свети Колумбан|св. Колумбан]] се наведува случката во која ѓаволот не ги слушал наредбите на светецот и не излегувал од човекот кого го опседнал, па св. Колумбан ја пикнал раката во устата на човекот и го извлекол ѓаволот кој испуштал голема смрдеа.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 388.</ref>
 
Во своето дело „[[Дијалог за чудата]]“, [[Цезариј од Хајстербах]] наведува примери во кои светците понекогаш се служат и со човечки средства за да ги вразумат непослушните верници. На пример, на некој големец кој бил виновен за палењето на [[храм]]от, во [[сон]]от му се јавил св. Аустригизил кој му удрил толку силна шлаканица, што му останала модринка. Кога се разбудил, големецот им раскажал на слугите за случката и потоа умрел; слично постапил и [[Свети Никита од Лион|св. Никита од Лион]]: кога по неговата [[смрт]] се утврдило дека не му оставил никаков имот на [[манастир]]от во кој умрел, некој свештеник го обивнил за тоа, а светецот му се јавил во сонот и го истепал; свети Криспин и Криспинијан му се јавиле на [[епископ]]от виновен за уништувањето на опатијата изградена над нивните [[гроб]]ови и му ги скинале десната [[рака]] и [[нога]] и тој умрел; на некој бонски свештеник со име Јован, кој никогаш не ја наведнувал главата пред олтарот, ноќе му се јавил [[св. Јован Крстител]] и силно го удрил со ногата в [[стомак]], а оттогаш свештенико почнал да боледува; четирите свети патрони на манастирот во Суасон му се јавиле на сон на латариншкиот [[херцог]] и го истепале, а тој се разбудил целиот во модринки;<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 312-313.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Светец