Михај Верешмарти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 213.226.63.129 (разговор), вратено на последната верзија на KasparBot
Ознака: Отповикување
с Додадена категорија
Ред 18:
Од 1830 до 1843 се посветува главно на пишување драми, од кои како најзначајна се издвојува ''Vérnász'' (Крвава свадба) (1833), која ја добива наградата за најдобро дело од Академијата во вредност од 200 гулдени. Издава и неколку збирки поезија, кои ги содржат неговите најдобри песни. ''Szózat'' ([[Проглас]], 1836), која се смета за втора унгарска химна, ''Az elhagyott anya'' (Напуштената мајка) (1837) и ''Az uri hölgyhöz'' (На Благородната Дама) (1841) се длабоко испирирани од неговиот пламен патриотизам. Неговата венчавка со Лора Чајаги од 1843 ќе го инспирира да напише циклус еротски песни. Во 1848, заедно со [[Јанош Арањ|Арањ]] и [[Шандор Петефи|Петефи]], започнува со преведување на [[Шекспир]]овите дела. Самиот тој е одговорен за одличните препеви на ''[[Јулиј Цезар (драма)|Јулиј Цезар]]'' и ''[[Кралот Лир]]''.
 
Во 1849 станува судија во врховниот суд. Националната катастрофа (неуспехот на револуцијата од 1848-49) ќе има пресудно влијание врз него. Кратко време е во егзил, а кога во 1850 година се враќа во Унгарија, веќе е стар човек. длабока меланхолија ќе го измачува до крајот на неговиот живот. Во 1854 ја пишува својата последна песна, трогателната ''A vén cigány'' (''[[Стариот Циганин]]''). Умира во [[Будимпешта|Пешта]] во истата куќа каде умира и [[Карол Кишфалуди]] дваесет и четири години пред него.
 
Неговиот погреб се случува на [[21 ноември]] и е прогласен за ден на национална жалост.
Ред 29:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Унгарски поети]]
[[Категорија:Унгарски писатели]]
[[Категорија:Членови на Унгарската академија на науките]]