Хуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 3:
'''Хуните''' биле [[Номади|номадски народ]] кој живеел во [[Источна Европа]], [[Кавказ]] и [[Средна Азија]] помеѓу 4 век и 6 век од н.е. Тие всушност се сметаат за иницијатори на големата преселба на народите.
 
== Рана историја ==
 
Кинеските извори ја следат историјата на Хуните на подрачјето на денешна Монголија уште од IV век п.н.е. Според нив овој номадски народ во североисточна [[Кина]] во IV век п.н.е формирал племенски сојуз кој обединувал 24 родови, кој во кинеските пишани извори бил наречен Империја Хуну. Во II век од н.е овој народ станал значаен фактор во историјата на средноазиските и источноевропските области. Под притисокот на нивните источни и јужни непријатели – тунгускиот народ Сиен-Ги од исток и династијата Хан во Кина од југ, еден дел од хунските маси население започнал да се раздвижува на запад кон Аралското и Каспиското море. Во почетокот на III век Хуните продреле во европска Сарматија и Подкавказието, каде до средината на IV век успеале да го потчинат поголемиот дел од сарматското племе Алани, а другиот дел го принудиле да се повлече кон запад, во Средна Европа, помеѓу реките [[Тиса (река)|Тиса]] и [[Дунав]]. На тој начин околу 350 година на териториите помеѓу реките [[Дон]] и [[Волга]] и планината [[Кавказ]] бил формиран големиот племески воен сојуз на Хуните. Западно од него се наоѓал племенскиот сојуз на Остроготите. Во 375 г. во жестока битка Хуните ги поразиле Остороготите и го ликвидирале нивниот племенски сојуз.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хуни