Петре Богданов - Кочко: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
|Notable_instruments =
}}
'''Петре Богданов - Кочко''' ([[Скопје]], {{роден на|12|март|1913}} - [[Скопје]], {{починал на|22|февруари|1988}}), македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Се категоризира во [[Повоена македонска музика#Прва генерација повоени македонски композитори|првата генерација македонски повоени композитори]].
 
Учесник е во [[НОВ]] на Македонија. Во Агитпропот на [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] ја вршел функцијата референт за школство со задача на слободната територија во Западна Македонија во периодот септември-декември [[1943]] година да ги организира првите училишта на македонски јазик. Во [[1944]] година работи околу прашањето на [[Егејци|Македонците]] од [[Егејска Македонија]]. Во својство на претставник на Главниот штаб на НОВ и ПОМ определен период е присутен во Егејска Македонија каде ги координира активностите на македонското националноослободително движење од Егејска Македонија со грчкото народноослободително движење.<ref>Александар Литовски „Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2009 година“, Организација на Македонците-потомци од Егејскиот дел на Македонија, Битола, 2009.</ref> Бил делегат на Првото заседание на [[АСНОМ]].