Сложувалка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Хонг Конг → Хонгконг using AWB
Ред 13:
 
На почетокот на 1930-тите години, сложувалките се сечеле со големи хидраулични преси кои сега чинат стотици илјади американски [[долар]]и. Парчињата биле добро исечени и убаво се вклопувале едни со други, но поради високата цена, само големите компании биле во можност да произведуваат сложувалки. Поновиот дизајн на преси со валјаци го постигнува истиот ефект за помала цена. До 1960-тите години, најголемиот произведувач на сложувалки бил Тауер Прес (Tower Press), купен од Вадингтонс (Waddingtons) во 1969 година.
[[Image:jigsawJigsaw puzzling atOur OCPCommunity Place Harrisonburg VA March 2009.jpg|thumb|left|300px|Составувањe сложувалка]]
 
Новата технологија овозможува дрвени или акрилни сложувалки да се исечат по ласерски пат. Предностите на сечењето со ласер е тоа што сложувалките можат да се исечат по желба во која било форма и големина, со колку било парчиња во различна големина. Многу музеи имаат акрилни ласерски исечени сложувалки од некои од нивните најважни уметнички дела, со цел децата кои го посетуваат музејот да можат да го видат оригиналното дело и потоа да ја состават сложувалката, која е во иста форма како и уметничкото дело. Акрилните сложувалки се користат затоа што парчињата се многу истрајни, водоотпорни и можат да се употребуваат често, без сликата да избледни или парчињата да се излитат и оштетат. Исто така, поради тоа што сликата и шаблонот за сечење на парчињата се прават со компјутер, парчињата можат да се направат без одново да се произведи целата сложувалка.