Разлика помеѓу преработките на „Синдром на работна исцрпеност“

с
→‎top: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (4))
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован)
'''Синдром на работна исцрпеност''' (исто така познат и како '''синдром на професионално согорување''' или по [[англиски јазик|англицизмот]] '''синдром на burnout''') се карактеризира со комбинација на длабок замор, намалено инвестирање во професионалната активност и чувство на неуспех во работата. Синдромот на работна исцрпеност се смета за резултат на хроничен професионален [[стрес]] (на пример, поврзан со работно преоптоварување): личноста не успева да се соочи со адаптивните побарувања на нејзината професионална околина и забележува пад на својата енергија, мотивација и самодоверба.
 
Во [[1969]], Херолд Б. Бредли е првата личност која го истакнува синдромот во својата статија „Третман базиранзаснован на заедницата за млади возрасни прекршувачи на законот“ (англиски: „''{{lang|en|Community-based treatment for young adult offenders}}''“), запишувајќи го како посебен вид на стрес поврзан со [[работни услови|работата]] користејќи го англискиот термин ''{{Lang|en|burnout}}''. Овој термин повторно се употребува во [[1974]] од страна на психоаналистот [[Хеберт Ј. Фројденберг]] и потоа од страна на психологот [[Кристина Маслак]] во [[1976]] во нејзините студии за мафинестациите на работна износеност.<ref>{{Наведена мрежна страница|title=Qu'est-ce qu'un burn-out ? {{!}} Aide Burn Out|url=http://www.aideburnout.fr/definition-burnout|website=Aideburnout.fr|language=француски|accessdate=2016-12-26}}</ref>
 
Спроед првите набљудувачи, синдромот на работна исцрпеност првично се појавува кај луѓе чии професионални активности имплицираат дека човечката интеракција е важна - такви се [[социјален работник|социјалните работници]], [[здравствен професионалец|здравствените професионалци]] и [[професор]]ите. Проучувањето на овие професионални категории од страна на истражувачите најчесто ги истакнува повторувачките соочувања поврзани со болка и неуспех како главните причинители во случаите на манифестација на синдромот на работна исцрпеност. За време на првичните набљудувања на синдромот, тој е познат како психолошки [[синдром]] поврзан со [[професија|професиите]] кои вклучуваат помош. Овој концепт преовладувал некое време и служел како патоказ за концепцализацијата на овој феномен како и првите работни истражувачки трудови на тоа поле. Но стекнувањето на поголем број на информации по овие првични истражувања помогнало да се прошират ризиците за манифестација на синдромот на работна исцрпеност на групата на индивидуалци на работното место без разлика на нивната активност.