Deep Purple: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Растурање на бендот, соло-проекти: Правописна исправка, replaced: Не можејќи → Неможејќи
с →‎Повторно обединување: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 70:
Во април 1984 година, осум години после распаѓањето на Дип парпл, се случи оригинално (и легално) повторно обединување со „класичната“ постава од раните седумдесетти – Гилан, Лорд, Блекмур, Гловер и Пајс. Реоформираниот бенд потпиша меѓународен договор со Полиграм, со Меркјури рекордс, издавајќи нивни албуми во САД, и Полидор рекордс во Велика Британија и други земји. Албумот „Комплетни странци“ беше снимен во Вермонт и издаден во октомври 1984 година. Солидно издание, се продаде добро (достигна до 5 место во Велика Британија и 17 место на Билборд 200 во САД) и ги содржи сингловите и концертните „химни“ „Knockin’ at Your Back Door“ и „Perfect Strangers“. Потоа следуваше турнеја за повторното обединување, започнувајќи во Австралија, па ширум светот до Северна Америка, потоа во Европа во наредното лето. Финансиски, турнејата имаше исто така огромен успех. Во САД, турнејата во 1985 година ги надмина сите освен таа на Брус Спрингстин. На 22 јуни 1985 година бендот одржа концерт во Небврт (со главна поддршка од Скорпионс; исто така на концертот настапија ЈуЕфОу и Мит Лоуф), каде времето беше лошо (пороен дожд и кал од 6 инчи) пред 80 000 обожаватели.
 
Во 1987 година, поставата Марк 2 го издаде „Куќата на синото светло“, кој беше проследен со светска турнеја (која беше прекината кога Блекмур си го скрши прстот на сцена кога проба да ја фати неговата гитара која ја фрли во воздух) и уште еден албум во живо, „Никој не е совршен“ (1988 година), кој имаше неколку неуспешни настапи, но сепак беше базиранзаснован на досега познатата список на песни од „Направено во Јапонија“. Во Велика Британија беше издадена нова верзија од „Hush“ (со Гилан како вокал) за да се одбележи 20-годиншнината од постоењето на бендот. Во 1989 година Гилан беше отпуштен поради неговите повторно заострени односи со Блекмур. Во прво време, бендот сакаше да го регрутира фронтменот на Срвајвр, Џими Џејмисон, како замена за Гилан, но ова пропадна поради компликации со продуцентската куќа на Џејмисон. На крајот, после аудициите на многу високо-рангирани кандидати, меѓу кои Брајан Хау (Вајт спирит, Тед Нуџент, Бед компани), Даг Пиник (Кингс екс), Австралијанците Џими Барнс (Колд шисел) и Џон Фарнам (Литл ривр бенд), Тери Брок (Стрејнџуејс, Џајнт) и Норман „Кал“ Суан (Тајтан, Лајон, Бед мун рајзинг), тие го одбраа Џо Лин Тарнер. Оваа Марк 5 постава, сними само еден албум, „Робови и господари“ (1990 година) и направи турнеја со него. Достигна скромен успех и достигна до 87 место на Билборд топ-листите во САД, но некои обожаватели него го критикуваа како малку повеќе „Дип Рејнбоу“ албум.
 
Кога турнејата заврши, Тарнер беше приморан да си оди, бидејќи Лорд, Пајс и Гловер (и продуцентската куќа) го сакаше Гилан назад за нивната 25 годишнина тврдоглаво одби, после барањето и најпосле примањето на 250 000 долари на неговата сметка и класичната постава го сними „Битката продолжува“. Но Гилан го преработи повеќето од постоечкиот материјал за албумот. Како резултат на тоа, Блекмур се исфрустира кога поради, според него, немелодичните елементи. На една европска турнеја (која инаку би била успешна), во ноември 1993 година Блекмур си замина и никогаш не се врати. Џо Сатријани беше повикан за да ги заврши концертите во Јапонија во декември и остана за европската турнеја во 1994 година. Го прашаа дали сака да им се придружи засекогаш, но неговиот договор за снимање го спречи тоа. Бендот без размислување го одбра гитаристот на Дикси дрегс и Канзас, Стив Морс, за да биде наследникот на Сатријани.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Deep_Purple