Херменевтика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Потекло на поимот: Јазично подобрување, replaced: == Етимологија == → == Потекло на поимот ==
с Јазична исправка, replaced: базиран → заснован (3)
Ред 60:
 
Средновековните интерпретации на текст ја обединуваат егзегезата во четирикратен модел што ја нагласува разликата помеѓу зборот и духовноста на текстот.
Шемата била базираназаснована на различните начини на интерпретација на текстот користени од патристичките писатели. Буквалната смисла (''sensus historicus'') на списите означува што текстот директно тврди или известува. Алегоричната смисла (''sensus allegoricus'') го објаснува текстот земајќи ја предвид доктринарната содржина на црковната догма, со тоа што секој елемент има симболично значење, види типологија (теологија). Моралниот ефект на текстот на индивидуалниот читач или слушател е третата смисла, ''sensus tropologicus'', или ''sensus moralis'', додека четврто ниво на значење ги извлекува од текстот имплицираните алузии кои содржат метафизичко и есхатолошко знаење или ''агностика''.
 
Херменевтичката терминологија користена овде во некои делови е самоволна. Речиси сите три интерпретации што одат подалеку од буквалните објаснувања во основната смисла се „алегорични“. Практичните апликации на овие три аспекти на духовна интерпретација варираат. Во повеќето примери четирикратната смисла на списите била делумно употребувана, во зависност од содржината на текстот и идејата на извадокот. Можеме лесно да забележиме дека основната структура е двојна смисла на списите, што значи дека бројот четири е добиен од рестриктивна систематизација на бројните можности што постојат во трите интерпретативни димензии.
Ред 98:
Херменевтиката на Ханс-Георг Гадамер е усовршување на херменевтиката на неговиот учител Хајдегер. Тој потврдува дека методичкото размислување е спротивно на искуство и размислувањето. Можеме да стигнеме до вистината само ако го разбериме и совладаме нашето искуство. Според Гадамер, искуството не е конечно, туку е променливо и секогаш може да покаже нови преспективи. Најважно нешто е да се открие што претставува индивидуално разбирање. Во овиј контекс Гадамер вели дека предрасудата е (нефиксиран) одраз на тоа што го открива разбирањето. Да се биде незапознат со одредена традиција е состојба на разбирање. Гадамер потенцира дека ние никогаш не можеме да излеземе од нашата традиција, само можеме да пробаме да ја разбереме. Ова понатаму ја елаборира идејата на херменевтичкиот круг.
 
Пол Рикер развил херменевтика базираназаснована на концептот на Хајдегер, иако неговата работа на многу начини се разликува од онаа на Гадамер.
 
Андрес Ортиз-Озес ја развил својата симболичка херменевтика како медитерански одговор на северно-европската херменевтика. Неговото главно тврдење во однос на симболичкото разбирање на светот е дека значењето е симболичното заздравување на вистинската повреда.
Ред 112:
=== Археологија ===
 
Во археологијата, херменевтиката значи интерпретирање и разбирање на одреден материјал преку анализа на можни значења или социјална употреба. Поддржувачите тврдат дека интерпретацијата на артефакти е неизбежна херменевтика бидејќи не го знаеме со сигурност нивното значење и можеме само да додадеме модерна вредност во интерпретацијата. Често кај орудијата од камен користиме опис како „гребло“, но тоа може да биде субјективно и недокажано. Противниците, пак, тврдат дека херменевтичкиот пристап е многу релативен и дека нивните интерпретации се базиранизасновани на евалуација на секојдневието.
 
=== Архитектура ===