Херман Мелвил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наследство: Исправка на датумски формат, replaced: мај, 1 → мај 1
с Јазична исправка, replaced: базиран → заснован (2)
Ред 27:
 
===Почетокот на работниот живот===
Скитничкото однесување на Мелвил и желбата да се издржува себеси независно од помошта на семејството го одвеле до тоа да работи како инспектор на Ери каналот. Во овaa рaботa тој не успеал и неговиот брат му помогнал да најде другa како бродски слуга на Њујоршки брод укотвен во Ливерпул. Тој отпатувал и се вратил на истиот брод. Редбурн: Неговото прво патување (1849 година) е делумно базиранозасновано на искуствата од ова патување.
 
Трите години по академијата во Албани (1837 година до 1840 година) најмногу се занимавал со настава во училиште, освен патувањето во Ливерпул во 1839 година. Од 1838 година до 1847 година, тој престојувал во тоа што сега е познато како куќата на Херман Мелвил во Лансинбург, Њујорк. При крајот на 1840те години тој повторно одлучил да ги потпише статиите за бродот. На 3 јануари 1841 години тој испловил од Њу Бедфорд, Масачусетс на китоловниот брод Акушнет, кој бил укотвен на Пацификот. Тој подоцна коментирал дека од тој ден му почнал животот. Бродот пловел околу Кејп Хорн и пловел до јужниот Пацифик. Мелвил оставил малку директни информации во врска со настаните на ова 18 месечно крстарење, иако неговата китоловна романса, Моби Дик или Китот, најверојатно дава многу слики од животот на палубата на Акушнет. Мелвил го напуштил Акушнет на островите Маркесас во јули 1842 година. Три недели живеел помеѓу домородците Тајпи, кои биле нарекувани човекојадци од другите две племенски групи на островот – иако кон Мелвил се однесувале многу добро. Тајпи, првиот роман на Мелвил опишува кратка љубовна афера со домородна девојка, Фајавеј, која обично била облечена во „облеката на рајот“ и претставувала невин, благороден дивјак во популарната имагинација.
Ред 67:
==Критички одговор==
===Современа критика===
Мелвил не беше финансиски успешен како писател, заработувајќи нешто повеќе од 10.000 долари за неговото пишување за време на неговиот живот. По успехот од патописите базиранизасновани на патувањата на Јужните мориња и приказни засновани на несреќни авантури во поморската трговија и морнарица, популарноста на Мелвил драстично се намалила. До 1876 година сите негови книги биле излезени од печат. Во подоцнежните години од неговиот живот и за време на годините по неговата смрт тој беше препознаен, ако воопшто, само како мала фигура во американската литература.
 
===Преродбата на Мелвил===