Кралски список од Торино: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
с →‎Откривање и реконструкција: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 14:
Папирус бил пронајден од страна на италијанскиот патник Бернардино Дровети во 1820 година во [[Луксор]], Египет, а во 1824 година бил откупен од египетскиот музеј во Торино, Италија, и бил означен како папирус број 1874. Кога кутијата во која бил транспортиран во Италија била распакувана, списокот се распаднал на мали фрагменти. [[Жан Франсоа Шамполион]], кој го испитувал, можел да препознае само некои од поголемите фрагменти кои содржат кралски имиња, и создал цртеж на она што тој можел да го дешифрира. Реконструкцијата на списокот била направена за подобро да се разбере и да помогне во истражувањето.
 
Саксонскиот истражувач Густав Сејфарт (1796-1885) ги преиспитал фрагментите, некои само еден квадратен сантиметар, и направил поцелосна реконструкција на папирусот базираназаснована само на папирусните влакна, бидејќи тој сè уште не можел да го одреди значењето на хиератичките карактери. Следната работа на фрагментите била направена од минхенскиот египтолог Јенс Петер Лаут, кој во голема мера ја потврдил реконструкцијата на Сејфарт.
 
Во 1997 година, истакнатиот египтолог Ким Рихолт објавил ново и подобро толкување на списокот во својата книга „Политичката ситуација во Египет за време на Вториот преоден период од 1800-1550 п.н.е.“ После повторно проучување на папирусот, се очекува дополнување на верзијата од Рихолт. Египтологот Доналд Редфорд, исто така, го проучувал папирусот и забележал дека иако многу од имињата на списокот одговараат на имиња од споменици и други документи, постојат некои несогласувања и не одговараат сите имиња, со што ја ставил под знак прашалник веродостојноста на документот за хронологијата пред Рамзес II.