Интранет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Креативни идеи за промоција на корпоративен Интранет: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
с →‎Позиционирање и брендирање на Интранет: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 133:
Честопати, некои компании претпоставуваат дека нивните вработени имаат добро разбирање за она што се случува во рамките на компанијата. Но, всушност во практиката се покажува поинаку. Токму вработените се тие со недостаток на голема слика за целите на нивната компанија. Овој факт може да предизвика конфузија за тоа зошто компанијата се движи кон некоја насока или зошто се донесуваат некои одлуки. На истиот начин на кој многу агенции се вклучени во создавањето на корпоративни билтени, со истото стратешко размислување треба да се вклучат и во развојот на Интранетот. Водење на корпоративната визија, комуницирање на брендот и позиционирањето на компанијата мораат да бидат ставени во умот на вработените и на пазарот. Токму Интранетот е одлично место за тоа.
 
Одржувањето на доследност на пораката и бренд сликата низ целиот корпоративен Интранет, помага при одржувањето на работниот морал и фокусираност. Со едноставно објавување на маркетинг делчиња и издадени статии на Интранетот, се овозможува да кружи една јасна и разбирлива порака низ целата организација. Дозволувајќи им на вработените на поставуваат прашања и да комуницираат помеѓу различните департмани, исто така има голем придонес во мотивирањето и едуцирањето на работниот кадар. Интранет базиранитезаснованите анкети кои вклучуваат инпут од вработените демонстрираат дека сепак менаџментот ги цени различните идеи и перспективи низ целата организација. Една нагласена и дефинирана работна околина може да обезбеди поширок поглед на она што се случува во компанијата, како и да покаже на кој начин индивидуалните постигнувања се признаваат и наградуваат. Овие видови на идеи многу често не се земаат предвид кога се работи за Интранетот т.е. кога Интранетот се дизајнира. Токму затоа, една јасна перспектива на агенцијата одговорна за Интранетот може да поттикне поголема визија за тоа како корпоративниот Интранет би влијаел на целата организација.
Може многу да се придобие доколку агенцијата се вклучи во развојот на корпоративниот Интранет. Ова учество може да биде ограничено како на пр. давање на совети или обезбедување на распоред за изгледот, но може да биде и во едни пошироки граници како на пр. водење на целиот проект.<ref>http://www.newfangled.com/intranet_branding '''Intranet Branding''' by Eric Holter</ref>