Разлика помеѓу преработките на „Дмитриј Иванович Менделеев“

с
→‎Менделеев како економист: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
с (→‎Менделеев и вотката: Додадена категорија)
с (→‎Менделеев како економист: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован)
 
== Менделеев како економист ==
Иако Менделеев е најпознат по природниот систем на елементите, тој работел и во областа на економијата. Тој бил прогресивен економист, приврзаник на физичката економија, кој го поттикнувал рускиот индустриски развој, ги поставил основите на рускиот царински систем, ја предложил идејата за изградба на нафтоводи и се залагал за странски инвестиции како двигатели на економскиот развој на Русија. Притоа, тој напишал стотици дела од областа на економијата, често изјавувајќи дека тој првенствено е политички економист. Според зборовите на Михаил Антонов, економист во московскиот Институт на руската цивилизација, "од трите најголеми научни школи во руската економија, најзначајната е базираназаснована на неговите идеи".<ref name="XVIII 2014"/>
 
Менделеев започнал да се интересира за економските прашања прилично доцна, во петтата деценија од животот, кога почнал да ги истражува темите поврзани со руските региони. Тој бил член на Слободното економско општество и често патувал низ Русија, САД и Западна Европа, посетувајќи фабрики и индустриски саеми. Собирајќи податоци, тој создал програма за развој на Русија, заснована на индустријата наместо земјоделството, поради што трпел остри критики, т.е. неговите противници го обвинувале за нарушување на руската традиција. Сепак, до крајот на 1890 година, тој успеал да се наметне како еден од водечките економски авторитети во Русија.<ref name="XVIII 2014"/>