Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
с Јазична исправка, replaced: базиран → заснован (4)
Ред 1:
{{Без извори|датум=август 2010}}
{{внимание}}
'''Вај-фај''' или '''Wi-Fi''' (од {{lang-en|Wireless Fidelity}}, ''безжична веродостојност'') — заштитен знак на алијансата за безжично поврзување, кој производителите можат да го користат за обележување на своите сертифицирани производи од класата на WLAN (wireless local area network) односно уреди базиранизасновани на IEEE 802.11 стандардите. Поради поврзаноста со овие стандарди, поимот Wi-Fi често се користи како синоним за технологијата базираназаснована на IEEE 802.11стандардите.
Wi-Fi алијансата претставува светска непрофитабилна асоцијација на компании кои ја подржуваат и унапредуваат WLAN технологијата и кои издаваат сертификати за производи кои се во согласност со одредени стандарди за електронска комуникација. Не секојa направа која одговара на IEEE 802.11 стандардот е предадена за тестирање за издавање на сертификат од страна на Wi-Fi алијансата, честопати поради високите трошоци за издавање на сертификатот. Ако некоја направа, односно уред не го носи Wi-Fi логото на себе, тоа не мора да значи дека истиот не во склад со другите Wi-Fi уреди.
Од 2010 г. IEEE 802.11 технологијата се вградува скоро во сите персонални компјутери, конзоли за видеоигри, smart phone телефони, печатачи и други надворешни единици и буквално во сите лаптоп и хендхелд компјутери.
Ред 29:
 
Wi-Fi користи SC-DSSS (анг. single carrier direct-sequence spread spectrum) технологија која е дел од поголемата фамилија на SS (spread spectrum) системи и MC-OFDM (анг. multi-carrier orthogonal frequency-division multiplexing) технологија на радио пренос. Ослободувањето на одредени радиофреквенции, за слободно користење, ја овозможија појавата и развојот на Wi-Fi уредите, како и на другите безжични технологии како блутут, безжичните фиксни телефони и еднократниот конкурент на Wi-Fi технологијата, HomeRF.
Во САД, Федералната комисија за телекомуникации дозволи слободно користење на дел од фреквентниот спектар, со ново донесените правила на 9-ти мај 1985 година. Многу други земји подоцна го следеа овој пример, со што денес се овозможува употреба на неколку комуникациски технологии низ целиот свет. Дозволата која ја издаде Федералната комуникациска комисија во САД беше базираназаснована на предлогот на Мајкл Маркус, член на оваа комисија, уште од 1980 година и требаше цели 5 години на истата за да стапи во сила. Тој предлог беше дел од поголем предлог за да се дозволи слободна употреба на фреквентниот спектар од страна на граѓаните и истиот тој предлог, во тоа време, беше оспоруван од страна на големите производители на електронска опрема и комуникациските регулатори.
Зачетоците на Wi-Fi технологијата се уште од 1985 г. кога Федералната комисија за телекомуникации на САД, дозволи слободно користење на неколку фреквентни појаси. Во 1991год. NCR корпорацијата и ATиT ( NCR Corporation и AT&T) односно денешните Лусент Технолоџис и Агер Системс (Lucent Technologies и Agere Systems) го создадоа претходникот на денешниот Wi-Fi систем во Нејвеген, Холандија. Овај систем бил создаден за комуникација со системи на фискални каси; Првите безжични уреди се појавија на пазарот под англиското име WaveLAN и развиваа брзина на пренос од 1 Mbit/s до 2 Mbit/s. Вик Хејс, кој беше директор на IEEE 802.11 цели 10 години и подоцна беше именуван како „таткото на Wi-Fi технологијата” беше дел од дизајнерскиот тим кој ги создаде IEEE 802.11b и 802.11a стандардите
Поголем дел од IEEE 802.11стандардите врз кои се базира Wi-Fi технологијата (во својата a, g и варијантите на n генерацијата), според одлуките на судот, биле засновани на патентот 5,487,069 кој бил регистриран во САД во 1993 година, од страна на CSIRO, Австралиско истражувачко тело. Овај патент стана причина за судски спор кој ова тело го поведе против поголемите производители во компјутерската индустрија. Во 2009 година CSIRO потпиша договор под доверливи услови со 14 компании, меѓу кои Hewlett-Packard, Intel, Dell, Toshiba, ASUS, Microsoft и Nintendo. Приходот на оваа групација до октомври 2009 година порасна до 200 милиони австралиски долари, како последица на овие договори.
Ред 81:
===„Загадување“ на каналите===
 
Побарувањата на пазарот може да поттикнат стандардизација во оваа област. Проблеми во комуникацијата меѓу брендови кои не ја користат Wi-Fi технологијата и брендови кои користат варијанти од истата може да предизвикаат попречување на врските или намалување на брзината на пренос на податоци на сите уреди кои се во нивни домет, вклучувајќи ги и тие со Wi-Fi и брендовите базиранизасновани на другите технологии. Освен тоа, користењето на ISM (IP Multimedia Subsystem) во 2,45 GHz-от појас од страна на блутут, WPAN-CSS (Wireless Personal Area Network - Chirp Spread Spectrum), ЗигБи или било кои нови системи, предизвикува дополнителни проблеми.
Загадувањето на Wi-Fi сигналот или поставување на премногу точки на пристап во одредена област, особено на истиот или на соседен канал, може да го попречи поврзувањето или да ја отежни комуникацијата меѓу пристапните точки и корисничките уреди, поради преклопување на канали во спектарот на 802.11g/b технологиите, како и зголемување на количеството на шум во споредба со сигналот. Ова може да биде проблем во густо населените области, како на пример комплекси од станбени згради или канцелариски простории со многу Wi-Fi точки на пристап. Плус тоа, и други уреди го користат 2,4 GHz-от појас, како на пр.: микробранови печки, камери за обезбедување, Блутут уреди и (во некои земји) аматерски радија, видео комуникатори, безжични фиксни телефони и бубици; и истите создаваат пречки во Wi-Fi комуникацијата. Тоа е исто проблем кога цели општини или други просторни единици (на пр. универзитети организирани во кампуси) се обидуваат да покријат поголеми површини со Wi-Fi сигнал. Оваа отвореност е исто така важна за успехот и раширеноста на 2,4 GHz-от Wi-Fi сигнал.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi