Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с →‎Придонесот во невропсихологијата: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 49:
Како што војната напредувала, Лурија бил повикан да организира рехабилитациона болница во јужен [[Урал]]. Реновираниот [[санаториум]] се претворил во специјализирана рехабилитациона установа за војниците кои се опоравувале од дисфункциите предизвикани од мозочните повреди. Напоредно со медицинскиот и рехабилитациониот третман кој го добивале таму, Лурија особено се интересирал за рехабилитација на менталните активности кај пациентите со локализирано мозочно оштетување и ја применувал неговата теорија за динамска, системска локализација на вишите психолошки функции. Наспроти тесните локализационистички и неспецифични еквипотенционалистички теории за церебрална организација, системската теорија на Лурија тврдела дека вишите ментални функции треба да се поимаат како функционални системи на различни мозочни региони кои работат заедно со цел да се извршат социјално детерминираните активности. Лурија бил еден од првите психолози во светот кој се обидел да ги интегрира водечките невропсихолошки гледишта и многу го сметаат за основач на невропсихологијата во [[Советскиот Сојуз]]. На крајот од војната, Лурија се вратил во неврохируршкиот институт Бурденко и почнал да држи часови на московскиот државен универзитет со кој бил во близок контакт до крајот на својот живот.
 
Заедничата сесија на Академијата на медицински науки и Академијата на науките која се одржала во Москва во 1950 година, резултирала со прекин на неговата невропсихолошка работа и затворање на неговата лабораторија на неврохируршкиот институт. Средбата претставувала идеолошки пораз на Советските биолошки и медицински науки, освен оние базиранизасновани на принципите на Павлов, и го натерала Лурија да најде прибежиште во пониска позиција на Институтот по дефектологија при Руската Федеративна Академија по Педагошки Науки. Во ваквата тешка политичка клима, било неопходно тој да направи измени во природата на своите истражувања. Се вратил кон користење на комбинираниот моторен метод и го применил во проучување на развојот на вербалната регулација кај нормални деца и деца со ментална ретардација. Врз основа на претходната работа иницирана со Виготски, продолжил да ја проучува онтогенезата на регулаторните функции кај усниот и пишаниот говор. Лурија ги модификувал своите клинички методи и креирал дијагностички тестови и методи за едукациски инструкции со овие деца.
 
Во 1959 година, лабораторијата во Неврохируршкиот институт Бурденко била повторно отворена и му било дозволено да продолжи со истражувањата во невропсихологијата. Во преостанатите 18 години од неговиот живот, лабораторијата на Лурија ќе стане водечка невропсихолошка институтција во Советскиот Сојуз. Покрај неговата клиничка активност и растечките одговорности како предавач на Московскиот Државен Универзитет. Лурија продолжил да ги развива и проширува своите идеи за церебралната организација на психолошките процеси. Особено го интересирала анализата на говорните и јазичните нарушувања и спровел истражувања за афазијата и невролингвистиката, регулаторната улога на говорот и јазикот во работата на предната поливина и дијагностицирање на локалните мозочни повреди - теми кои го интересирале уште во пораните години.