Адвентисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од Velichovskas) и ја поврати преработката 4208339 на Bjankuloski06
Ознака: Рачно отповикување
с →‎По основањето: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 53:
== По основањето ==
 
Прашањето за здравјето доминира во теологијата на Вајт. Под нејзино раководство адвентистите продолжиле да основаат институти за здравје и санаториуми во разни делови на [[САД]] и во странство. Во [[1910]] година еден од овие санаториуми во [[Лома Линда]], [[Калифорнија]] ги отворил своите врати како колеџ за лекари - евангелисти. Денес адвентистите раководат со многу болници во земјата. Рестораните во овие институции нудат само вегетаријанска храна (најверните адвентисти се вегетаријанци, а употребата на кафето, чајот и алкохолот е забрането), а болничките пастори нудат духовна утеха, и им даваат упатства на пациентите што се базиранизасновани на записите на Елена Г. Вајт. Многу од овие болници го комбинираат традиционалното лекување со програмите за лекување на зависниците од алкохол и дрога, со посебни одделенија за рак, со престојувалиште за патници и сиромаси, училишта за млади и храм.
 
Покрај нивните доктрини што се однесуваат на второто доаѓање и саботата, адвентистите на седмиот ден веруваат дека човекот нема бесмртна душа. Кога еден човеќ ќе почине, едноставно престанува да постои сè до Второто Христово доаѓање, кога Исус ќе им го воскресне телото, и тогаш ќе им даде бесмртна душа. Исто така, тие веруваат во целосното истребување на неправедните (т.е. нема да ги поднесуваат вечните маки).