Црвена верверица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Размножување и смртност: Правописна исправка, replaced: повеќе пати → повеќепати
с →‎Размножување и смртност: Јазична исправка, replaced: сексуален однос → полов однос
Ред 35:
Парењето настанува или во доцна зима (февруари-март) или во лето (јуни-јули). Женката може годишно да одгледа до две легла. Во секое легло се раѓаат по три до четири млади, иако се забележани и случаи со по шест. Бременоста трае 38-39 дена. Младите ги чува мајката, бидејќи се раѓаат беспомошни - слепи и глуви, и тежат околу 10-15гр. Крзното на младите им израснува до 21. ден, очите им се отвораат по 3-4 недели, а забите им растат до 42. ден. После тоа младите верверици можат да јадат и тврда храна, и го напуштаат гнездото во потрага по храна, но се враќаат да цицаат кај мајката додека не достигнат возраст од 8-10 недели.
 
За време на парењето мажјаците ги откриваат женките кои се во [[овулација]] по мирисот, и иако нема додворување, мажјаците ги бркаат женките и по цел час пред сексуалниот однос. Обично повеќе мажјаци бркаат една женка, сѐ додека доминантниот мажјак, обично најголемиот во групата, ќе има сексуаленполов однос. Мажјаците и женките се парат повеќепати со различни партнери. Типично, женката е сексуално зрела во втората година од животот.
 
Животниот век на црвената верверица изнесува во просек 3 години, некои индивидуи може да достигнат и 7 години, дури и 10 во заточеништво. Преживувањето е поврзано со достапноста на храна во зима, во просек 75-85% од младите умираат во текот на својата прва зима, а смртноста е 50% за секоја зима после првата.<ref name="gurnell1983">Gurnell, J. 1983, Squirrel numbers and the abundance of tree seeds. ''Mammal Review''. 13:133–148 <br /></ref>