Јавен долг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 78:
| title = Debt to the Penny (Daily History Search Application)
| accessdate = 2014-02-03}}</ref></small>
 
==Раководење со јавниот долг==
До доцните 1980-тите, раководењето со јавнито долг се сметало за продолжение на функциите на [[Централна банка|централната банка]]. Оттогаш, преовладува сфаќањето дека централната банка не треба директно да ја финансира владата и затоа во голем број земји раководењето со јавниот долг е издвоено од централната банка. На пример, една [[анкета]] спроведена од [[Банка за меѓународни порамнувања|БИС]] во 2008 година покажала дека, од 41 анкетирана централна банка, помалку од една четвртина имале надлежности поврзани со раководењето со јавниот долг. Притоа, во некои земји со јавниот долг раководи одделна служба во рамките на министерството за финансии (на пример, во Франција), а некаде постои посебна агенција која исто така, е под надлежност на министерството за финансии (на пример, во Германија). Во некои земји, процесот на издвојување на централната банка од раководењето со јавниот долг се вршело постепено, а некаде (на пример, во Британија) тоа било направено веднаш. Сепак, дури и во развиените земји постојат примери во кои централната банка го врши издавањето и раководењето со јавниот долг (на пример, Данска), а тоа вообичаено се оправдува од потребата за координација меѓу [[Монетарна политика|монетарната]] и [[Фискална политика|фискалната политика]]. [[Финансиска криза 2007–2008|Светската финансиска криза]] била пресвртна точка во поглед на улогата на централната банка во раководењето со јавниот долг, зашто многу централни банки (вклучувајќи ги [[Федерални резерви на САД|ФЕД]] и [[ЕЦБ]]) почнале директно да купуваат [[државни обврзници]]. <ref>Howard Davies and David Green, ''Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking''. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 112-113.</ref>
 
== Надворешни врски ==