Иван Микулчиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување на веќе изнесените податоци
/* Редовен професор на Филозофскиот факултет, Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград, на одделението за археологија во 1958 година. Докторирал на истиот факултет во 1965 година. Работел во Музеите во Штип, Битола и Скопје, а од 1969 година на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија. Во 1969 г. го добива звањето доцент, потоа вонреден професор (1974) и редовен професор (1979). Се пензионирал во 2...
Ред 16:
== Животопис ==
 
== Редовен професор на [[Универзитет Св. Кирил и Методиј|Филозофскиот факултет, Универзитетот Св. Кирил и Методиј]] во [[Скопје]]. Дипломирал на Филозофскиот факултет во [[Белград]], на одделението за археологија во [[1958]] година. Докторирал на истиот факултет во [[1965]] година. Работел во Музеите во [[Штип]], [[Битола]] и [[Скопје]], а од [[1969]] година на [[Филозофскиот факултет во Скопје]], на Институтот за историја на уметноста и археологија. Во 1969 г. го добива звањето доцент, потоа вонреден професор (1974) и редовен професор (1979). Се пензионирал во 2000 г. Ги предавал клучните предмети од курикулумот на институтот: Историја на уметноста на старите народи, Класична археологија I и II, Музеологија и конзервација, а бил реализатор и на предметот Историја на културата на Интердисциплинарните студии по новинарство на правниот факултет. Покрај тоа, бил раководител на Институтот за историја на уметноста и археологија во тек на 10 години, како и продекан за настава на Филозофскиот факултет. Со негово залагање, се оформи насоката Археологија со посебна програма во рамките на наведениот институт, а организатор е и на последипломските студии по Археологија, кои продуцираа речиси стотина магистри по археолошки науки, до денес. Активните теренски и кабинетски истражувања на археолошкото наследство на Р.[[Македонија]] и пошироко на Балканската територија ги фокусирал главно на античкиот период, но извонредни истражувачки резултати имал и во проучувањето на [[предисторија]]та и на средниот век<ref>[https://macedonism.org/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%BC%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%87%D0%B8%D1%9C-%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD-%D0%BB%D1%83%D0%BA%D0%B0/ МИКУЛЧИЌ, Иван Лука]</ref>. ==
 
Предмет на неговите истражувања во рамките на докторската дисертација била Античка Пелагонија низ археолошките наоди. Докторирал (1965) на Филозофскиот факултет во Белград. Раководел заштитни и систематски истражувања на повеќе локалитети (кај с. [[Липково]], [[Македонска Каменица]], [[Караорман]], [[Стоби]], [[Скупи]], [[Кале]] – [[Скопје]] и [[Чрнче]] – [[Водно]])<ref>[https://okno.mk/node/85147/ Иван Микулчиќ]</ref>.
Ред 37:
 
Неговото дело е џиновско. Тој бил првиот вистински археолошки стратег во Република Македонија, во проучувањето на древните цивилизации на почвата на Македонија.
Во основа, Иван Микулчиќ, како што и самиот рекол пред неколку децении во една едукативна пригода, никогаш нема да почине<ref>[https://daily.mk/vesti/tazhna-vest-pochina-profesorot-ivan-mikulchikj-velikanot-makedonskata/ Иван Микулчиќ, великанот на македонската археологија,Професорот на Филозофскиот факултет во Скопје]</ref>.
 
== Селектирани негови научни трудови и библиографија ==