Македонска Славинија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vele 123 (разговор | придонеси)
с Додавање Македонски склавении
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Македонска Славинија''' е првата држава на [[македонските Словени]] и воопшто, прва словенска држава во светот, создадена во [[7 век]].<ref>''Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 34''</ref> Таа настанала со здружување на [[Македонски склавении|македонските склавинии]] - кнежевства: [[Берзити]], Вајонити, [[Драговити]], [[Ринхини]], [[Сагудати]], [[Смолјани]] и [[Струмјани]].
== Опис ==
Повеќе византиски хроничари даваат опис на Славинија и ја спомнуваат во своите хроники. [[Византија|Византискиот]] [[Хроника|хроничар]] [[Теофанес Конфесор]] опишува настан кога [[Византија]] организирала поход против државите [[Прво Бугарско Царство|Бугарија]] и Славинија <ref>''Теофанес, Хронографија, уредена од Каролус де Боор ([[Лајпциг]], [[1883]]), I, стр. 347, Теофанес, стр. 557''</ref>. Македонската Славинија била напаѓана како од Византија, така и од Бугарија. Георги Монах зборува за пакоста на бугарскиот хан [[Пресијан]] што ја направил врз Славинија, кога Тома Славјанинот кренал бунт против Византија, таа ги замолила [[Прво Бугарско Царство|Бугарите]] да го задушат бунтот на Македонската Славинија; „реки крв“ потекле од убиствата на Бугарите што ги извршиле врз жителите на Македонска Славинија, известува средновековниот хронист Георги Монах.<ref> ''"История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41''</ref>
 
== Натписи ==
Во [[Егејска Македонија]], во градот [[Филипи]], пронајден е запис на бугарскиот хан [[Пресијан]] од [[837]] година, кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу Бугари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур против Смолјаните.'' <ref>Державин, Н.С. Историја на Бугарија. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле: ''Кой фалшифицира историята?''</ref>
 
На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од [[9 век]], стои: '' хан [[Омуртаг]] ја поведе својата војска против Грци и Словени ...да го гази императорот.... додека тече реката Тича''. <ref>''Първобългарски надписи'', [[Веселин Бешевлиев]], [[Софија]], [[1979]], БАН, стр. 129-130.</ref>
 
== Владетели ==
Ред 15:
 
== Уништување ==
Од крајот на [[8 век]], [[Византија]] ја уништува Македонската Славинија и државата ја разделува на кнежевства - [[склавинии]]. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во [[9 век]], поголемиот дел од [[Македонија (регион)|Македонија]] потпаѓа под бугарска власт. И под власта на [[Прво Бугарско Царство|Бугарите]], македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на Бугарите биле должни да плаќаат данок<ref>''Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6''</ref><ref>''Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel''</ref><ref>''De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252''</ref>. Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор [[Јоан Камениатес|Јоан (Иван) Камениатес]] кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот [[Солун]] (Византија), а дел на Скитите (Бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или [[Прво Бугарско Царство|Бугарија]] <ref>''L. Niederle, 425—428''</ref>. Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на [[Република Рагуза]] ([[Дубровник]]) кон [[Турција]], на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија. Македонскиот проф. [[Иван Микулчиќ]] тврди дека од времето на [[Цар Симеон I]] (893-927) словенските племиња на широкиот простор од Дунав на север, до Егеја на југ и од Јадран на запад, до Црното Море на исток, го прифатиле заедничкиот етникон „''Бугари''”.<ref>Средновековни градови и тврдини во Македонија, Иван Микулчиќ (Македонска академија на науките и уметностите — Скопје, 1996) стр. 72.</ref>
 
== Извори ==