Здравствена заштита: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Правописна исправка, replaced: бруто домашен производ → бруто-домашен производ
Ред 1:
'''Здравствена заштита''' — дијагнозата, лекувањето и спречувањето на [[болест]], [[повреда]] или други физички или умствени нарушувања кај луѓето. Таа е давана од луѓе кои практикуваат [[лекар|медицина]], [[стоматологија]], [[фармација]] и други. Здравствената заштита претставува работата која се прави во вршењето на примарна заштита, секундарна заштита и терциерна заштита, како и работата во [[јавно здравство|јавното здравство]].
 
Според Законот за здравствена заштита на Република Македонија, здравствената заштита опфаќа систем на општествени и индивидуални мерки, активности и постапки за зачувување и унапредување на [[здравје|здравјето]]то, спречување, рано откривање и сузбивање на болести, повреди и други нарушувања на здравјето предизвикани од влијанието на работната и животната средина, навремено и ефикасно лекување и здравствена нега и рехабилитација.<ref>[http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/ZAKON%20ZA%20ZDRAVSTVENATA%20ZASTITA%2043%20od%2029.03.2012.pdf Закон за здравствена заштита]. Службен весник на РМ, бр. 43 од 29 март 2012 година.</ref>
 
Пристапот до здравствена заштита е различен меѓу различни држави, групи и лица, главно под влијание на социјалните и економските услови, како и на здравствените политики кои се во дело. Различни држави и јурисдикции имаат различни политики и планови во врска со личните и општествените здравствени цели во нивните заедници. Со цел да се задоволат здравствените потребни на целните населенија, се формираат [[здравствен систем|здравствени системи]]. Начинот на нивната организација се разликува од држава до држава. Во некои држави и јурисдикции здравственото планирање е распределено меѓу учесници на пазарот, додека во други земји планирањето е поцентрално, меѓу владини и други координирачки тела. Во сите случаи, според [[Светска здравствена организација|Светската здравствена организација]] (СЗО), доброфункционирачкиот здравствен систем бара цврст финансиски механизам; квалитетно обучена и соодветно платена работна сила; сигурни информации на кои ќе се основаат одлуките и [[здравствена политика|политиките]]; и добро одржани простории и логистика за давање на квалитетни лекови и технологии.<ref>Светска здравствена организација. [http://www.who.int/topics/health_systems/en/ ''Health systems. (Здравствени системи)''] Женева. {{en}}</ref>
 
Здравствената заштита може да претставува значаен дел од [[економски систем|економијата]] на една држава. Во 2008, [[здравствена индустрија|здравствената индустрија]] потрошила просечно 9,0% од [[бруто -домашен производ|бруто домашниот производ]] (БДП) на најразвиените земји-членки на [[Организација за економска соработка и развој|Организацијата за економска соработка и развој]].<ref>[http://www.oecd.org/document/11/0,3343,en_21571361_44315115_45549771_1_1_1_1,00.html Податоци од Организацијата за економска соработка и развој]</ref> Соединетите Американски Држави (16,0%), Франција (11,2%) и Швајцарија(10,7%) биле најголемите тројца потрошувачи.
 
Здравствената заштита се смета за важна одредница во промоцијата на општото здравје и добростојба на луѓето ширум светот. Пример за ова е искоренувањето на [[големи сипаници|големите сипаници]] ширум светот во 1980 година, што претставува првата болест во човековата болест која е комплетно елиминирана преку намерни здравствени интервенции.<ref>Светска здравствена организација. ''Anniversary of smallpox eradication.'' Женева, 18 јуни 2010. {{en}}</ref>
Ред 24:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Здравствена заштита| ]]
[[Категорија:Јавни служби]]