Андријана Јаневска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: Многу пати → Многупати, Повеќе пати → Повеќепати
Нема опис на уредувањето
Ред 36:
Во својата богата концертна кариера, настапувала во сите градови низ Македонија. Во странство концертирала во Хрватска, Словенија, Полска, Словачка, Грција, Бугарија, Црна Гора, Кипар, Србија, Португалија, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Швајцарија, Летонија, Австралија, Канада и САД. Повеќепати настапувала како солист во придружба на Македонската Филхармонија и оркестарот на МОБ. Има одржано голем солистички концерт во придружба на симфонискиот оркестар во МОБ на 12 јануари 2017 година, како и повеќе солистички концерти низ Македонија, во придружба на камерни оркестри и поголеми бендови, од кои позначајни се концертот на фестивалот Охридско Лето (Антички театар, Охрид) и отворање на Битолско културно лето (Хераклеа, Битола). Во 2014 година во МОБ ја игра главната улога (Пенелопе) во првиот мјузикл во Македонија „Пенелопе Х“.
 
Работела како наставник по музика на Факултетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, наставник по музика во гимназијата Алгоритам, наставник по виолина во музичкото училиште во Куманово и како наставник по солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз“. Неколку години е главен музички ментор на македонските претставници на детскиот Евросонг. Работи и како надворешен стручен музички соработник во списанијата за деца Росица и Смешко. Секоја година е редовен гостин-предавач во  институции од јавен интерес, културно-информативни центри, градинки, основни и средни училишта. Од 1999 година членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска. Од 2002 година работи во Македонската опера и балет како прва виолина, а од јули 2017 година е доцент на ФМУ Скопје.
 
Била придружен вокал на многу уметници, меѓу кои и на Влатко Стефановски, Џибони и Бајага. Има напишано многу композиции и аранжмани за биг-бенд во доменот на популарната музика, а се јавува и како текстописец на многу популарни песни. Од 1988 до 1996 година членува во детскиот хор за духовна музика „Пиколо“. Повеќепати била член во жири комисии на државни и меѓународни натпревари по музика и уметност (член на национална жири-комисија за Евровизија, член на комисија за мјузиклот Тајно моја, член на комисија за избор на најталентиран ученик во Општина Карпош, член на меѓународна жири-комисија на арт фестивалите Езерски бисери и Дојрана и др.). Има издадено две детски книги од стручна област: „Заспивалки“, издавач Едука Мак 2015 и „Слушни, пеј, играј“, издавач Просветно Дело 2017. Многупати учествувала на научни конференции во Македонија а презентирала и во Рим, Италија.
Ред 127:
|МТВ
|-
|'' За крај ''|| 2005 || Андреј Додов
|-
| ''Сонце''|| 2006 ||Славиша Киброски
Ред 139:
| ''Животот е убав''|| 2013 || Христијан Тодоров
|-
|'' Казна ''|| 2014 || Александар Ристовски - ПРИНЦ
|-
|''Еден ден ''|| 2015 || Томато Продукција