Милка Ефтимова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Кариера: Правописна исправка, replaced: многу пати → многупати (2)
с →‎Кариера: Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè
Ред 32:
Била ангажирана во тогашните Македонска дирекција и „Југоконцерт“. Имала настапи во Русија, трипати во Кина и многупати во Германија, Австрија и во Италија. За време на шестте години додека се правела операта, отишла во Љубљана. Одлучила да ја прифати многупати упатуваната покана од страна на Љубљанската опера и веќе од септември 1967 година била првенка на оваа куќа. Таму била постојано на настапи. Во Љубљана направила многу улоги, дури од таму отидишла во Сараево. „Кармен“ и „Трубадур“ многупати ги пеела. Најмногу во улога настапувала во Кармен и во Колашчина тука со Орфеј, а надвор во светот со „Кармен“ и со „Трубадур“.
 
Од оперската сцена јубилејно се простила со Кармен на 6.11.1991 година. Тоа и било 157 претстава. Во Љубљана реализирала 17 премиерни улоги. Најзначајните пред сесè биле Кармен (премиера во 1968 година која рецензијата ја нарекла победа и слава на Ефтимова), потоа Грофицата во „Пикова дама“ на Петар Илич Чајковски, Кабаниха во Катја Кабанова на Леош Јаначек, Aрлента во Крунисувањето на Помпеја на Клаудио Монтеверди. Хата во комедијата Продадена невеста на Берджих Сметана и мајка Јела во мелодрамата Еквинокциј на Марјан Козина. Своевиден примат остварила со Марфа во „Хованшчина“ на Модест Мусоргски.
 
Од Љубљана се вратила во 1978 година во Скопје како првенка на Операта при МНТ. Настапувала во низа обновени премиери од железниот репертоар како Трубадур, Кармен, Бал под маски, Евгениј Оњегин, Кавалерија Рустикана, Кнез Игор и Фауст. Реализирала антологиски премиерни улоги како што е Марчелина во „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт и Неда во „Кузман Капидан“ од Трајко Прокопиев.