ФК Висла Краков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Makenzis (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
с →‎top: Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè
Ред 52:
'''ФК Висла Краков''' е [[фудбалски клуб]] од [[Краков]], [[Полска]]. Се натпреварува во [[Екстракласа]], највисоко ниво на полските професионални фудбалски натпреварувања.
 
Висла Краков е еден од најстарите и најуспешните фудбалски клубови во Полска, основан во [[1906]] година под името ТС Висла. Се наоѓа на третото место по бројот на национални титули освојувајќи го домашното првенство 13 пати само еднаш помалку од [[ФК Гурник Забже|Гурник Забже]] и [[ФК Рух Хожув|Рух Хожув]] кој со 14 титули се водечки клубови во земјата. Меѓутоа, Висла Краков е еден од најуспешните клубови во Полска кога се во прашање последните неколку години, освојувајќи го полскиот шампионат 8 пати во периодот од [[1999]] година. Заедно со титулите во лигата, Висла исто така, го освојувала [[Фудбалски куп на Полска|полскиот куп]] 4 пати. Висла исто така, може да се пофали и со успеси во европските натпреварувања и тоа пред сесè во [[1970-ти]]те, достигнувајќи до четврт-финалето во [[Куп на шампиони 1978/79|Европскиот куп на шампиони во сезоната 1978-1979]] и победувајќи во [[УЕФА Интертото куп|Интертото купот]] во 1969, 1970 и 1973 година.
 
Грбот на клубот претставува бела ѕвезда на црвена позадина врз која дијагонално се протега сина панделка. Основната боја на дресовите е [[Црвена боја|црвена]], но резервните дресови се со бела и сина боја. Својте домашни натпревари Висла Краков ги игра на [[Градски стадион во Краков|Градскиот стадион во Краков]] кој има капацитет од преку 33.000 седечки места. Најголем ривал им е екипата на [[ФК Легија Варшава|Легија Варшава]].