Ладислав Палфи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
 
==Животопис==
Пијано студирал во [[Загреб]]. Многу рано ја покажал својата музичка дарба, јавно почнал да настапува на седумгодишна возраст. Во [[Скопје]] работи уште од 1947 година, каде што настапувал солистички и како придружник. Настапувал во сите поголеми културни центри на бившата [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|СФРЈ]] и во [[Швајцарија]], [[Романија]], [[Грција]], [[Бугарија]] и др., со успех ги претставувал делата на македонските композитори.
 
Исто така се истакнал и како автор на филмска и театарска музика. Од 1948 до 1966 година работи во [[Македонски народен театар|Македонскиот народен театар]] како [[корепетитор]] и музички оформувач на голем број драмски престави. Работел како музички уредник во [[Македонска радиотелевизија|македонското Радио и Телевизија]]. Воедно бил и професор во Вишото музичко училиште во Скопје. Како автор на филмска музика, дебитира во 1951 година, со документарниот филм ''„[[Свилен Конец]]“''.