Социјалдемократија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Трет пат → Третпат using AWB
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè
 
Ред 7:
Социјалдемократијата како посебна политичка теорија и политички правец се појави во втората половина на 19-от век. Во првата фаза од својот развиток социјалдемократите беа застапници на [[марксизам|марксизмот]]. Сепак единствените социјалдемократски партии во кои марксизмот тогаш беше доминантна идеологија на преминот од 19 во 20 век почнаа да се диференцираат внатре во себе помеѓу ортодоксните застапници на марксизмот ([[Карл Кауцки]], [[Георги Плеханов]], [[Роза Луксембург]], меѓу поистакнатите) и оние што почнаа да доведуваат во прашање некои клучни поставки на марксизмот и кои беа наречени [[ревизионизам|ревизионисти]] (во прв ред [[Едуард Бернштајн]]).
 
По почетокот на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] и особено по избувнувањето на [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] во [[Русија]], предвоената внатрешна поделба во рамките на социјалдемократијата драстично се продлабочи и премина во отворен расцеп. Значителен дел од левото крило на предвоената социјалдемократија се отцепи од матичните партии и, под идејно влијание на Октомвриската револуција и на [[Владимир Илич Ленин]], формира [[комунизам|комунистички]] партии. Десното крило од предвоената социјалдемократија, фрапирано од недемократските потези на руските комунисти, експлицитно го отфрлија револуционерниот пат кон социјализам и инсистираше на своето диференцирање во однос на комунистите, додека дел од предвоената левица и предвоениот центар на социјалдемократијата сакаше да ги помири двата закарани пола и сакаше да го зачува предвоеното единство на работничките и просоцијалистички сили, но не успеа во својата намера, пред сесè поради непопустливоста на комунистите, и се приклони кон десното крило, кое го задржа стариот назив - социјалдемократија.
 
По [[Втора светска војна|Втората светска војна]] социјалдемократијата се откажа од замената на капитализмот со социјализам и се ориентира кон реформирање и хуманизирање на капиталистичкиот систем. Иронично, оваа преориентација на социјалдемократите по Втората светска војна е позната како демократски социјализам, иако токму со нејзиното прифаќање социјалдемократијата престана да биде просоцијалистичка сила. Формирајќи често влади во овој период, социјалдемократите во [[Западна Европа]] дадоа голем придонес за изградбата на држава на благосостојба со широки економски и социјални права, првенствено за сиромашните и непривилегираните.