Арапско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонско име на предлошка, replaced: {{flag| → {{знаме|
с →‎Позадина: Правописна исправка, replaced: турците → Турците
Ред 30:
Подемот на национализмот на Отоманското Царство датира од [[1821]] година. Арапскиот национализам своите корени ги имал од [[Машрек]] (арапските земји источно од Египет). Политичката ориентација на арапските националисти во годините пред [[Првата светска војна]] била умерена. Барањата на Арапите биле од реформаторска природа и до автономија, како и поголема употреба на арапскиот јазик во образованието, промени во регрутацијата итн.
 
[[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] која започнала на [[3 јули]] [[1908]] година многу бргу се проширила низ целото царство. Како резултат на тоа султанот [[Абдул Хамид II]] бил принуден да го објави враќањето на уставот од [[1876]] и да го обнови турскиот парламент. Овој период е познат како [[Втора уставна ера (Отоманско Царство)|Втора уставна ера]]. На изборите одржани во [[1908]] година, младотурцитемладоТурците преку нивната партија успеале да ја добијат власта во земјата. Новиот парламент бил составен од 142 Турци, 60 Арапи, 25 Албанци, 23 Грци, 12 Ерменци, 5 Евреи, 7 Словени и 1 Влав. Во оваа фаза, арапскиот национализам сè уште не бил во фаза на развој. Арапските членови на парламентот го поддржале контрапревратот од [[1909]] година, чија цел била да се уништи уставниот систем и да се обновуви апсолутната монархија на султанот [[Абдул Хамид II]].
 
Националистичка политика н се темелела на дискриминација на оние кои не биле [[Турци]]. По избувнувањето на [[Првата светска војна]], Османлиите застанале на страната на Централните сили. Во првите години од војната голем број на Арапи биле убиени и измачувани во [[Сирија]]. Во [[1913]] година во [[Париз]] се одржал т.н. Прв арапски конгрес на интелектуалци и политичари од арапските земји. На состанокот било дискутирано за можноста за поголема автономија во рамките на Османлиското Царство. Тие повторно се согласиле дека арапските регрути на османлиската војска не треба да служат војска во други реони во империјата, туку во сопствените.