Винер Нојштат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона (4)
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: турците → Турците
Ред 43:
Винер Нојштат, што значи повеќе или помалку „Нова Виена“ („Виенски Новград“), се стекнал со важни привилегии кои му биле доделени со цел да се овозможи неговиот развој. Тој останал дел од Штаерска, која по [[битка на Моравското поле|битката на Моравското поле]] од 1278 година потпаднала под [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]] и во 1379 година станал составно војводство на [[Внатрешна Австрија]]. Во 15. век, Винер Нојштат доживеал популациска експанзија, кога императорот [[Фридрих III (Свето Римско Царство)|Фридрих III]] подигнал живеалиште тука и основал [[Епархија на Винер Нојштат]] во 1469 година. Неговата сопруга, [[Елеонора-Елена Португалска]], починала во Винер Нојштат во 1467 година. Неговиот син [[Максимилијан I (Свето Римско Царство)|Максимилијан I]] го одржал неговиот дворец во Винер Нојштат и е погребан тука во катедралата „Св. Ѓорѓи“. Тогаш градот имал значајна [[евреи|еврејска]] заедница во која рабинот [[Израел Исерлајн]] бил нејзин најзначаен член, но по наредба на императорот Максимилијан I, сите евреи биле протерани во 1496 година.
 
Долгогодишниот противник на династијата Хабсбург, унгарскиот крал [[Матија Корвин]] го окупирал градот во август 1487 година откако го држел под [[Опсада на Винер Нојштат|двегодишна опсада]]. Максимилијан I успеал повторно да го освои родниот град во 1490 година. Во 16. век, Винер Нојштат го изгубил својот статус како империска резиденција и голем дел од својата важност. Сепак, тој сè уште ја имал фунцијата на одбранбен ѕид против [[отоманска империја|турцитеТурците]] и [[куруци]]те.
 
Во 1751 година градот добил големо внимание кога императорката [[Марија Терезија]] одлучила да создаде воена академија во внатрешноста на царскиот замок. Во 1752 година, [[Терезијанска воена академија|Терезијанската воена академија]] започнала да фунционира, што продолжила до денес со само неколку прекини ([[Ервин Ромел]] бил назначен за командант по австрискиот ''[[Аншлус]]'' во 1938). Во 1768 година, Винер Нојштат бил уништен од земјотрес кој го уништил замокот, којшто бил повторно изграден според планови на архитектот [[Николо Пакаси]].<ref>Gerhartl, ''Wiener Neustadt'', p. 332</ref> Во 1785 година, императорот [[Јосиф II (Свето Римско Царство)|Јосиф II]] ја префрлил епископската столица од Винер Нојштат во Санкт Пелтен.