Фашизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
==Фашизмот и книжевноста==
Во есејот „Фашизмот и книжевноста“, италијанскиот писател [[Еуџенио Монтале]] вели дека фашизмот не оставил никаква позитивна трага, никакво дело што би било вредно да се истакне, а многу работи се обидел да направи или да уништи. Фашизмот не дозволувал преголема слобода во изразувањето на судовите и чувствата. Писателите морале да бидат на линијата трасирана најпрвин од Пресбирото, а потоа од министерството за пропаганда кое подоцна прераснало во министерство за народна култура. Фашизмот сакал да изгради конструктивна, римска, империјална книжевност што би го овековечила времето на [[Мусолини]]. На пример, единствената жена која била избрана во италијанската академија во весникот „[[Кориере дела Сера]]“ нашироко ги опишувала убавите раце на Мусолини. Уште во 1925 година, писателот Џентиле го упатил својот проглас за мобилизација на фашистичките писатели, но тој имал слаб одзив, додека манифестот со кој му одговорил Кроче го потпишале голем број писатели и интелектуалци. Фашистите не успеале да пронајдат или создадат големи книжевни имиња кои би ја оствариле таа задача, иако некои познати писатели кокетирале со фашизмот. На пример, веќе остарениот [[Данунцио]] живеел во Гароне како еден вид заробеник, примајќи висока апанажа и одвреме-навреме пишувал по некоја беседа и по некое ораторско дело. Кон фашистите се приклонил и водачот на [[Футуризам|футуристите]], [[Маринети]]. [[Лујџи Пирандело|Пирандело]], исто така, му пристапил на фашизмот (иако подоцна се повлекол) и за тоа бил награден со членство во Кралската италијанска академија.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 77-80.</ref> За време на фашистичкиот режим, на писателите воопшто не им било дозволено да реагираат на современоста, да ја критикуваат и да ги исмејуваат нејзините пороци. Затоа, тоа било време на интимни прозаисти, фини есеисти и факирски поети во кои немало искреност, туку биле само далечно ехо на некои туѓи искуства.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 81.</ref>
 
== Поврзано ==
* [[Популизам]]
 
==Фашизмот како тема во уметноста и во популарната култура==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Фашизам