Национална банка на Данска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
сНема опис на уредувањето
 
Ред 1:
'''Националната банка на Данска''' ([[дански]]: ''Danmarks Nationalbank'') е [[централна банка]] на [[Данска|Кралството Данска]] со седиште во [[Копехнаген]]. Од основањето во 1818 година, целта на Националната банка е да ја издава данската валута - [[Данска круна|круната]], и да обезбеди нејзина стабилност.<ref>[https://fraser.stlouisfed.org/title/federal-reserve-bulletin-62/july-1936-20732?start_page=33 fraser.stlouisfed.org (пристапено на 5.8.2020)]</ref> Зградата во која се наоѓа седиштето на банката е дизајнирана од познатиот [[архитект]] [[Арне Јакобсен]], во соработка со [[Ханс Дисинг]] и [[Ото Вајтлинг]].
 
==Историја==
Почетоците на Националната банка на Данска датираат во 1818 година, кога била формирана Националната банка во Копенхаген (''Nationalbanken i Kjobenhavn''). Дури многу подоцна, на 1 мај 1936 година, оваа приватна банка била [[Национализација|национализирана]] и претворена во централна банка во државна сопственост под името Национална банка на Данска. Претходно, на 7 април 1936 стапил во сила Законот број 116, а истиот ден, на вонредна седница на [[Акционерско друштво|акционерите]] на Националната банка во Копенхаген биле одобрени условите според кои новата централна банка ќе ја преземе старата. Според законот од 1936 година, основната цел на Националната банка било „да одржува безбеден и сигурен валутен систем во земјата и да ги олеснува и регулира прометот со [[пари]] и одобрувањето [[кредит]]и“. Новата централна банка била основана со капитал од 50 милиони круни, а главни органи на управување биле: одборот на директори, комитетот на директори и одборот на гувернери. Одборот на директори го сочинувале 25 членови, и тоа: 8 членови на [[парламент]]от, двајца члена (еден економист и еден правник) именувани од министарот за [[трговија]], [[индустрија]] и бродарство и 15 члена избрани од одборот на директори. Мандатот на членовите на одборот на директори бил утврден на пет години. Комитетот на директори го сочинувале двајцата членови на одборот на директори (економистот и правникот) и пет други членови од редовите на одборот на директори со мандат од една година. Најпосле, одборот на гувернери бил сосотавен од тројца членови, еден именуван од кралот, а другите од одборот на директори. Мандатот на гувернерите траел до навршувањето на 70 годишна старост.<ref>[https://fraser.stlouisfed.org/title/federal-reserve-bulletin-62/july-1936-20732?start_page=33 fraser.stlouisfed.org (пристапено на 5.8.2020)]</ref>
 
==Монетарна политика==